• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 ноември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Во септември во 24 засилени акциски и редовни контроли санкционирни 1621 прекршок

06/10/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во септември годинава, полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, на поширокото тетовско подрачје, во 24 засилени акциски и редовни контроли вкупно откриле и законски санкционирале  1621 прекршок или 719 помалку во споредба со истиот период лани.

Во контролните активности, реализирани во текот на минатиот месец, а поради констатирани прекршоци, односно недостатоци, од сообраќај билe исклучени 58 возила, од кои 32 поради истечена регистрација до и над 30 дена, 22 поради утврдена техничка неисправност и 4 поради претовар.

 

Марјан Јосифоски, портпатол на СВР Тетово.
Марјан Јосифоски, портпатол на СВР Тетово.

-Во септември, исто така, од сообраќај биле исклучени и 260 возачи, од кои 148 управувале без возачка дозвола, 61 под дејство на алкохол, 35 возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања за оваа категорија возачи,   7 со важечка забрана за управување и 9 со несоодветна категорија, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

Покрај тоа, во месецот за кој станува збор, времено биле одземени 8 возила со истечена регистрација повеќе од шест месеци, 61 возачка  и 44 сообраќајни дозволи, додека тетовската „пајак-служба“ вкупно подигнала 143 непрописно паркирани возила, најмногу во централното  подрачје на Тетово.

Минатиот месец, исто така, вкупно била изречена 531 мерка за неприлагодена брзина според условите на патот, односно за пребрзо возење, 36 за недавање предност, односно првенство на пешаци и друго.

 

Поврзани објави

Вести

Даријан Сотировски: Најостра осуда за вандалскиот упад во манастирот-тоа се повеќе кривични дела

28/11/2023
Вести

Пратеникот Александар Велјановски со осуда за симнувањето на црковното знаме

28/11/2023
Вести

Сквернавење на имотот на црквата на Попова Шапка – фрлено црковното знаме, поставено албанско

28/11/2023
Вести

АПИС: Mнозинството пратеници ќе гласаат за игри на среќа на црно

28/11/2023
Вести

Општина Тетово: Работниците од Комунална хигиена ќе се префрлат во ново претпријатие и ќе земаат редовно плата

28/11/2023
Вести

Работниците од „Комунална хигиена“ при ЈКП Тетово почнаа штрајк поради неисплатени плати

28/11/2023
Следна објава

Во ОУ „Лирија“ активности за прием на првачињата во Детската организација

Tetovo, MK
среда, ноември 29, 2023
overcast clouds
4 ° c
100%
1.92mh
89%
9 c 3 c
чет
16 c 9 c
пет
17 c 11 c
саб
14 c 9 c
нед

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!