На 11.07.2024 година во 21.50 часот на улица ,,Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Л.(23) и А.М.(24), двајцата од Тетово. Имено, при претреси на дом и помошни простории кај М.Л. и кај А.М., извршени со судска наредба била пронајдена марихуана. Двете лица се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок во врска со извршено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ казниво по член 215 од Кривичниот законик.
На 11.07.2024 година во 12.30 часот полициски службеници од СВР Тетово на улица „Кузман Јосифовски Питу“ го лишиле од слобода Х.Ф.(72) од Тетово. Тој, околу 14.30 часот бил пријавен од 71-годишната М.И. од Тетово, дека поради нерасчистени имотно-правни односи меѓу двете семејства, по вербална расправија пред нивниот семеен дом, физички ја нападнал неа и нејзиниот син Ф.И.(39). Според пријавеното, тој при нападот користел тврд и остар предмет, со кој нанел телесни повреди на Ф.И.. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 11.07.2024 година во 22.10 часот во тетовско Ларце, полициски службеници од Полициско одделение Групчин го лишиле од слобода Х.И.(27) од истото село. Тој во 20.45 часот во СВР Тетово бил пријавен дека на улица ,,Маршал Тито“ агресивно се однесувал кон неговата 19-годишна сестра, а по вербална расправија со А.Н.(21) од тетовско Радиовце, со остар предмет му нанел телесна повреда. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 11/12.07.2024 година околу 22.00 часот времето полициски службеници од Полициско одделение Галате постапувале по пријава за агресивно однесување од страна на Б.С.(44) од гостиварско кон неговото семејство, при што физички ја нападнал неговата мајка, кој на барање од Медицински центар Гостивар бил спроведен до медицинска установа.
На 09.07.2024 година околу 12.00 часот П.Ј.(33) од тетовско Бозовце пријавил дека бил физички нападнат од Н.М. од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.07.2024 година во Полициско одделение Маврово бил лишен од слобода В.Л. од гостиварско Леуново, кој бил пријавен од Д.К.(49) од Гостивар дека физички го нападнал и со дрвен предмет удирал по неговото возило. Тој е задржан во полициска станица и по расчистување на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 12.07.2024 година во 02.40 часот во Полициско одделени Камењане, Н.Б.(29) од тетовско Новаке пријавил дека на селската улица во Ново Село – Боговиње, тој и неговиот брат Х.Б. биле физички нападнати од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
На 11.07.2024 година во 13.30 часот во СВР Тетово 42-годишник од гостиварски Добридол пријавил дека бил измамен од едно машко и едно женско лице за 2700 денари. Според пријавеното, тие кај Женскиот пазар во Тетово го довеле во заблуда и му побарале пари на краткорочен заем, кои не му ги вратиле. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
……