Соопштение на СВР Тетово.
На 02.08.2024 во 17.05 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(45) од Тетово, кој во 16.50 часот бил пријавен од неговата 42-годишна сопруга и неговата ќерка, дека агресивно се однесувал со нив и им се заканувал. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.
…….
На 02.08.2024 во 23.40 часот полициски службеници од ПО Групчин го лишиле од слобода С.С.(51) од тетовско Сараќино, кој бил пријавен од неговата 77-годишна мајка, дека во дворот на нивните семејни куќи физички ја нападнал. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
…….
На 03.08.2024 во 08.20 часот во СВР Тетово М.А. од Тетово пријавил дека во текот на ноќта од страна на непознат сторител противправно му бил одземен автобус сопственост на правно лице, кој бил паркиран во паркингот на технички преглед на улица ,,Љубо Божиновски-Пиш” во Тетово, кој потоа го пронашол оставен на улица „161″ во Тетово. Автобусот, според пријавеното, бил оштетен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
…….
На 02.08.2024 во 23.05 часот било пријавено опожарено патничко возило „бмв“ со италијански национални ознаки, сопственост на Џ.П.(54), кој, додека се движел на автопатот Скопје-Тетово во близина на бензинска пумпа, забележал чад на возилото и влегол на паркингот на бензинската пумпа. Нема повредени лица, а пожарот бил целосно изгаснат од Тетовската територијална противпожарна единица. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.
….