Соопштение на СВР Тетово 5 август 2024
На 04.08.2024 во 14.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Л.А.(32) од Тетово и Л.Б.(35) од тетовска Шипковица затоа што околу 16.30 часот во СВР Тетово биле пријавени од А.Ѓ.(59) од Тетово дека физички ја нападнале. Тие се задржани во Полициска станица Тетово и по расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 05.08.2024 во периодот од 01.00 до 02.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во ноќен клуб на улица „Маршал Тито“, сопственост на Х.А. од Тетово. При контролата во објектот биле затекнати осум странски државјанки и две македонски државјанки кои ги забавувале гостите, од кои Л.М.(32) од Република Србија немала регулиран престој. Таа била приведена и задржана во полициска станица за понатамошна постапка.
На 04.08.2024 во 07.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека во објект во изградба покрај локален пат за тетовско Добарце, сопственост на Д.Ф. од Добарце, била пронајдена рачно изработена експлозивна направа. Извршен бил увид на местото од екипа на СВР Тетово, додека екипа од Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи пронајдениот предмет е неутрализиран и подигнат за понатамошна постапка.
На 04.08.2024 во СВР Тетово, Е.А.(47) од Штип пријавила дека околу 16.00 часот од улица „Јордан Златановски“ се оддалечила нејзината малолетна ќерка С.А.(17). Според пријавеното, таа се сомнева дека заминала со Е.Е. од Штип, кој управувал патничко возило „фолксваген шаран“ со штипски регистарски ознаки, бидејќи често се дружела со него. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 05.08.2024 во 08.00 часот во Полициското одделение Камењане, Ф.Ш.(34) од тетовско Боговиње пријавил дека неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник