Министерството за здравство информира дека од 193 нови случаи со Ковид-19 низ Македонија 19 се во тетовскиот регион.
Од 19-те случаи, 12 се во општина Тетово, 3 во општина Теарце и по 2 во општините Боговиње и Желино.
Во болницата „8 септември“ во Скопје починал 61 годишникот кој бил примен на 2 јуни.
Од оздравени 46 лица, 1 е од тетовскиот регион.
Досега во земјата се направени вкупно 46.445 тестирање на Ковид -19. Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 4482 бројката на оздравени пациенти е 1803, на починати е 210, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2469.