• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 2 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Монодрамата „Чај со рум“ в недела на сцена на отворено во Лешочкиот манастирски комплекс

Главната улога на Андреја ја толкува Игор Бачоски, додека режијата е на Саше Серафимовски.

17/09/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Членовите на Здружение на независни уметници „Драмско студио Тетово“ в недела 20 септември на сцена на отворено во Лешочкиот манастирски комплекс ќе се претстават со монодрамата „Чај со рум“ по текстот на писателот Јован Дамјановски. Главната улога на Андреја ја толкува Игор Бачоски, додека режијата е на Саше Серафимовски.  Драмското студио за прв пат во време на пандемијата, реализира претстава, на отворено, посочија двајцата на денешната прес-конференција.

-Монодрамата „Чај со рум“ се игра на отворено, според сите здравствени протоколи кои поради коронавирусот, пред платото на црквата Успение на Пресвета Богородица и претставува еден фантастичен амбиент под отворен небо, каде тетовци ќе имаат можност да видат една одлична монодрама од тетовецот Јован Дамјаноски, преработена, видоизменета и преадаптирана на денешното време од страна на мене и на Игор Бачоски. После шест месеци тетовци ќе може да видат театарска претстава која се надевам ќе даде една свежина во секојдневието во кое живееме имајќи во предвид дека уметноста останата последна во Македонија како дејност која треба да заживее повторно, чекајќи протоколи. Бројот на публика затоа е лимитиран на околу 150 седишта, истакна Саше Серафимовски.

Игор Бачоски вели дека идејата за оваа монодрама помеѓу тројцата е од пред 2-3 години.

-Сега во ова време-невреме ќе дојде до реализација. Ние се обидовме да ја модернизираме оваа монодрама со оглед дека текстот на Јован Дамјановски е пишуван пред 30 години, многу работи се измениле но и многу работи се останати исти. Подготвувајќи се, видовме дека самиот текст е како „тесто“  и може да излезе многу добра монодрама. Гледајќи животото на главниот лик Андреја се гледа суштината на тетовското живеење во овој период од почетокот на транзицијата завршувајќи со оваа денешна небидница со вирусот. Се обидовме да не биде класична монодрама туку поп-арт што е модерен начин на претставување на монодрама, рече Бачоски.

За монодрамата се поставуваа соодветна сценографија. Светлото ќе го постави Дарко Младеновски, додека музиката е на Ангел Ќосев. Почетокот е закажан за во 19 часот и 30 минути.  Изведбата на монодрамата е во рамки на повеќето културни настани што во Лешок се организираа во рамки на 29-тото издание на Фестивалот на православна духовна музика „ТЕХО 2020“.

А.С

 

Поврзани објави

Вести

Продолжуваат акциите за подигање фрлени отпадоци на Шар Планина

02/06/2023
Вести

Приведени две лица поради најдена дрога,еден за издржување мерка притвор

02/06/2023
Инфо компас

Ова лето FLAIR бренд на спортска облека нека биде твојот избор

01/06/2023
Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Следна објава

Двајца тетовски планинари се искачија на највисокиот врв во Турција

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!