• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 28 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Aкциска контрола на мотоцикли-откриени и законски санкционирани 63 прекршоци

13/06/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово вчера (12 јуни) од 17 до 22 часот спроведена е акциска контрола на мотоцикли во која вкупно биле откриени и законски санкционирани 63 прекршоци (ТЕ-33 и ГВ-30). Повеќе од половината од констатираните прекршоци (38) се однесувале на некористење на заштитна кацига, односно шлем (ТЕ-18 и ГВ-20),  12 лица (ТЕ-9 и ГВ-3) ги управувале мотоциклите без положен возачки испит и соодветна дозвола за тоа и така натаму. На сите прекршители изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со предвидените парични глоби и други мерки.

При контролата, исто така, санкционирани биле и 19 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-12 и ГВ-7). Или за една недела на поширокото тетовско-гостиварско подрачје биле изречени над 100 мерки на мотоциклисти, од кои најмногу за некористење на потребната заштитна опрема, односно шлем, со напомена дека глобата за овој вид прекршок изнесува 50 евра во денарска противвредност, а за управување без дозвола 250 евра, исто така, во денарска противвредност.

 Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до мотоциклистите задолжително да ја користат законски предвидената заштитна опрема, да не ги управуваат мотоциклите без положен испит и навреме да ги регистрираат. Ова, уште повеќе што во наредниот период планирани се почести контроли, со цел да се откријат и санкционираат сите оние мотоциклисти кои ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

 

Поврзани објави

Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Следна објава

Годинешното издание на „Титов врв скајрејс“ со измената патека поради временските прилики

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.