• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 5 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Акциска контрола на мотоциклисти – казни од 50 до 250 евра во

30/08/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Секторот за внатрешни работи Тетово продолжува со интензивни контролни активности за поголема безбедност на патиштата и улиците во поширокиот Полошки регион.

Вчера (29 август) од 18 до 24 часот спроведена е акциска контрола на мотоцикли. При контролата, откриени и санкционирани се вкупно 28 прекршоци (ТЕ-14 и ГВ-14).

Најголемиот број од прекршоците (ТЕ-6 и ГВ-5) се однесувале на некористење на заштитен шлем, односно кацига, 9 мотоциклисти  (ТЕ-5 и ГВ-4) управувале без положен возачки испит и валидна дозвола, 3 (ТЕ) непоседувале осигурителна полиса и така натаму.

На сите прекршители изготвени им се законски предвидените поднесоци, а оние без возачи дозволи веднаш се исклучени од сообраќај и ќе се соочат со парични глоби од 250 евра во денарска потиввредност, додека оние без кациги со глоба од 50 евра во денарска противвредност.

Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел до мотоциклистите да се придржуваат кон важечките сообраќајни знаци, правила и прописи и посебно да внимаваат на бучавоста, пред се во вечерните и доцните ноќни часови. Зашто, на пребучните мотоциклисти ќе им се изготват поднесоци со 400 евра глоба, а и времено ќе им бидат одземени мотоциклите на 90 дена. Се апелира, исто така, да ја прилагодат брзината на градските улиците, дотолку повеќе што претстои почетокот на новата учебна година и зголемена сообраќајна динамика на подрачјето

 

Поврзани објави

Вести

Изложба на расни кучиња и „специјалка“ за шарпланинци викендов во тетовска Брвеница, пријавувањето завршува во четврток на полноќ

04/10/2023
Вести

„Прошарај“ – еко акција, базар, детско катче и филмови на Попова Шапка во недела 8 октомври

04/10/2023
Вести

Во ОУ „Лирија“-Тетово заеднички спортски активности со ОУ „Гоце Делчев“ по повод Детската недела

04/10/2023
Вести

Приведен 35 годишен тетовчанец поради напад на сограѓанин и полицаец

04/10/2023
Вести

Казнети 23 возачи за непрописно престигнување во сообраќајна контрола вчера од 14 до 19 часот

04/10/2023
Вести

АПИС до пратениците: Сфатете нѐ сериозно пред да стане предоцна – државата ќе изгуби 280 милиони евра годишно приход и ќе создаде предуслови за организирање игри на среќа на црно

04/10/2023
Следна објава

Пожарникарите гасеа два поголеми пожари во ниви во Требош и Брвеница

Tetovo, MK
четврток, октомври 5, 2023
overcast clouds
16 ° c
84%
1.32mh
100%
24 c 14 c
пет
24 c 12 c
саб
27 c 14 c
нед
19 c 9 c
пон

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!