• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Акциска контрола за санкционирање на прекршоците што ги прават пешаци

Секторот за внатрешни работи Тетово со совет и предупредување до пешаците да бидат максимално внимателни кога и каде ги преминуваат улиците и како да се движат на улици каде што нема обликувани тротоари.

09/02/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (8 февруари) од 8 до 12 часот на тетовско-гостиварското подрачје спровеле акциска контрола за санкционирање на прекршоците што ги прават пешаци.

При контролата, биле откриени и санкционирани вкупно 29 прекршоци (ТЕ-14 и ГВ-15). Најголемиот број од прекршоците се однесувале на преминување на улиците надвор од обележани премини. На сите прекршители изготвени им се адекватни поднесоци и покани за присуство на таканаречена сообраќајна поука, а санкциониран бил и 1 (ТЕ) друг вид сообраќаен прекршок.

Секторот за внатрешни работи Тетово со совет и предупредување до пешаците да бидат максимално внимателни кога и каде ги преминуваат улиците и како да се движат на улици каде што нема обликувани тротоари.

До нив се апелира, исто така, да ги почитуваат постојните знаци и сообраќајна сигнализација и посебно да не ги пуштаат без надзор во сообраќај малолетните деца. Ова, дотолку повеќе што минатата година  речиси половина од загинатите лица во сообраќајни несреќи на поширокото тетовско подрачје биле пешаци.

До возачите, пак, се апелира секогаш да им даваат предност, односно да ги пропуштаат пешаците, особено во близина на училишта, детски градинки и пред други јавни установи, пред и во кои секојдневно се чувствува зголемена фрекфренција на возила и пешаци

Поврзани објави

Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Следна објава

СВР Тетово: Приведени двајца тетовци за тешка кражба во Челопек

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.