• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
среда, 17 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Александар Николоски :  Тетовчани да гласаат  за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, за да го подобриме животот во Тетово, за нови инвестиции и развој

04/08/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски од Тетово порача дека партијата ќе цели на добивање на шест советници на вонредните избори на 20 август за нов состав на Советот. Неговите очекувања ги темели на оценката дека народот е опозиционо насочен и дека освен во Тетово на 20 август ВМРО ДПМНЕ ќе победи и на изборите за градоначалник во Маврово-Ростуше.

-Видовме во минатото, особено во последните четири години, со предходниот градоначалник, и предходното мнозинство, на СДСМ И ДУИ не само што не се направија работи туку се направија и лоши работи, пред се тука е скандалот со ШИК Јелак и обидот, за урбанизација во договор со српскит бизнисмен со црногорско потекло Миодраг Дака Давидовиќ, којшто, на еден крајно сомнителен начин го доби тоа земјиште, преку фирми кои се на офшор дестинации, и кои што планираше таму да прави бетонска џунгла. Ние сметаме дека треба да се разиваат паркови и градот треба хумано и зелено да се развива, сметам дека треба да се отвораат потенцијали за инвестиции особено во Технолошко развојно индустриската зона каде покрај сегашните три производствени капацитети може да се достигне до 10 фабрики. Предноста и близината на Тетово и до Скопје и до аеродромот, но и до Гостивар и целиот овој регион може да донесе бројни странски и домашни инвеститори кои што би отвориле бројни работни места и на тој начин да се подобрува економската состојба во државата.  И финално мислам дека еден солиден резултат на ВМРО-ДПМНЕ, а нема да кријам нашата цел е да освоиме 6 советници во рамки на општинскиот совет, кој што брои вкупно 31 советник, една таква сериозна победа на ВМРО-ДПМНЕ и освојување на 6 советници мислам дека ќе е вовед во предвремени парламентарни избори затоа што изборите и во Тетово и во Маврово Ростуше ќе покажат дека народот е опозиционо расположен, изјави Николоски.

На новинарско прашање Николоски порача дека референдумот не е чекор наназад како што рече премиерот Ковачевски, туку најдемократскиот начин да дознае волјата на народот.

-Јас не гледам како најдемократскиот начин на изразување директен референдум може да е чекор наназад. Како е можно изјаснувањето за битна, а ова е најбитна тема може да е чекор наназад. Очигледно тоа може да е чекор наназад само за Ковачевски, кој се плаши од волјата и резултатот, и тие се јасни дека граѓаните не го прифаќаат овој бугарски диктат кој нуди поништување на македонскиот јазик, македонската култура и историја, рече Николоски.

Според него има бројни консулатации за прашањето за референдумот кое очекува да биде формулирано до крајот на август.

-Она околу кое што сакаме да се движи прашањето е токму овој предлог, односно суштината на каде се ставаат на купче историските прашања и идентитеските прашања и околу тоа сакаме да се изјасат граѓаните. Втората половина на месецот ќе се изјасниме. Преку 150 илјади потписи и поддршка во собранието, рече Николоски.

Потпретседалот Николоски во Тетово се приклучи на кандидатите за советници на средбите со граѓаните во рамки на кампањата за предвремените избори за Совет на Тетово на 20 август.

ас

Поврзани објави

Вести

Николов: Оваа листа на советници е онаа којашто треба да ја добие поддршката на граѓаните и онаа којашто ветува добробит на граѓаните на Тетово

16/08/2022
Вести

Никола Столевски: Гласот на Македонецот во Тетово мора да се слушне во Советот на Општина Тетово

16/08/2022
Вести

Бисера Костадиновска-Стојчевска: Со глас за СДСМ и број еден, гласаме за европско Тетово

16/08/2022
Вести

Битиќи од Тетово: Инвестираме во економскиот и инфраструктурен развој на Тетово, во сабота да гласаме за советничката листа на СДСМ

16/08/2022
Вести

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Владо Мисајловски со повик за поддршка за советничката листа предводени од Ангел Карапетров

16/08/2022
суд
Актуелно

Основен суд Тетово соопшти дека предметот за модуларната болница е распределен кај судија

16/08/2022
Следна објава

Борко Ристовски: Спортот е на катастрофално ниво, ќе го вратиме на старите патеки

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.