Денес преку завршна приредба симболично од градинката се разделија 274 деца од најголемите групи кои треба да почнат да одат во прво одделение на есен во септември. Воедно на овој начин во општински рамки се одбележа 1 јуни Меѓународниот ден на децата
-Интересот за престој во градинка и понатаму е голем, околу 300 деца се пријавени во текот на мај за да се примат за чување од септември. Нивните родители ќе бидат известени во текот на август за исходот. Тетово има шест градинки и повеќе центри за ран детски развој во училиштата низ руралните населени места, изјави Фатлинда Јаја, директорка на општинската установа Младост која раководи со детските градинки.
Едукацијата на децата е несомнено најнеопходната и најдолготрајна инвестиција за иднината на една држава, порача градоначалникот на одбележувањето.
-Ако сакаме да имаме здраво општество, да обезбедиме сигурна и образована иднина, мора да инвестираме во нашите деца бидејќи утре тие ќе ја градат иднината на генерациите што доаѓаат. Имаме мисија и обврска на децата да им обезбедиме квалитетно образование, модерни градинки, обучен стручен кадар, воспитувачи, здравствена заштита, побезбедна и почиста животна средина, паркови и забавни катчиња за нив, истакна Касами.