• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Александар Велјановски именуван за претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ-Тетово

Актуелниот пратеник на ВМРО ДПМНЕ од Тетово, Александар Велјановски е именуван за претседател на тетовскиот партиски општински комитет.

07/02/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Актуелниот пратеник на ВМРО ДПМНЕ од Тетово, Александар Велјановски е именуван за претседател на тетовскиот партиски општински комитет. Именувањето е со одлука на членовите на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ.

-Голема благодарност до претседателот Христијан Мицкоски и членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за нивната одлука да ме именуваат за нов претседател на ОК Тетово. Ветувам чесна, напорна и искрена работа и ги повикувам сите кои што сакаат да се спротивстават на пустошот кој го прави оваа власт, предводена од дуи и сдс, да ни се приклучат.  Работите мора да се менуваат на подобро. Ние мора да ги убедиме младите дека можат да се вклучат во промените кои доаѓаат, да не ја губат надежта и повеќе да не ги напуштаат Тетово и Македонија. Затоа е потребно да се посветиме и да работиме уште понапорно.  Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на досегашниот претседател Ангел Карапетров и на сите кои напорно работеа во претходниот период кој беше многу тежок за партијата и државата. Исто така, сакам и да ве повикам сите, кои што и мислите добро на државата, да ни се приклучите и со свој личен пример да покажете дека со чесна, напорна и искрена работа можеме заедно да изградиме многу подобро и повеќе за сите, порача Александар Велјановски.

Велјановски е роден 1978 година, магистер по правни науки. За пратеник беше избран на изборите во 2020 година, а до тогаш беше советник во Совет на Општина Тетово.

 

 

 

Поврзани објави

Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Следна објава

Општина Тетово ќе одвои еден милион денари помош за подрачјата погодени од земјотрес во Турција и Сирија

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.