Кандидатите за советници од ВМРО ДПМНЕ Тетово предводени од носителот Ангел Карапетров остварија средба со членовите на Здружението на пензионери во Тетово
-Почитуваните пензионери бараат повеќе почит и достоинство и не сакаат усогласување на пензиите, туку бараат просечната пензија да биде во рамките на минималната плата. Истите се премногу разочарани од лагите и политиките на СДС за правата на пензионерите. На локално ниво, тие бараат повеќе зелени површини, чисти улици, средени православни гробишта и функционална капела, во врска со што ја имаат нашата целосна поддршка и даваме ветување дека сето тоа ќе се реализира. ВМРО-ДПМНЕ не ветува, туку гарантира дека ветените проекти ќе се реализираат, порача носителот на листата Ангел Карапетров.
Тој со пензионерите разговараше заедно со пратеникот Александар Велјановски и кандидатите за советници од ВМРО – ДПМНЕ Анита Бошкоска Јованоска, Никола Столевски, Игор Додески и Милена Илиевска.