• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 27 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Ангел Карапетров: Срамна одлука на СДС и ДУИ- наместо да им овозможат солидни услови за образование, тие им ги одземаат просториите за учење

26/08/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ и советник во Општина Тетово, Ангел Карапетров одржа прес-конференција на која реагираше на владината одлука една од зградите на поранешното медицинско училиште да се даде на трајно користење на Агенцијата за катастар на недвижностите.

-Образованието е најважната алка во една држава. Токму затоа, во образовниот процес треба континуирано да се вложува и истиот да се унапредува за квалитетни генерации и идни успешни граѓани.  Но, се чини за политиките на СДС  ова воопшто не е важно.  Последната срамна одлука на СДС и нивниот коалиционен партнер ДУИ,  директно ги погодува токму нашите средношколци. На нашите ученици наместо да им овозможат солидни услови за образувание, тие им ги одземаат просториите за учење! Пред не толку далечно време, токму СДС и тогашниот премиер Заев ветуваше нови простории за тетовските гимназијалци од македонска настава, а сега со скандалозна одлука и без никаква предходна консултација им одзема еден објект од стариот медицински училишен центар, и тоа на само неколку денови пред почетокот на новата учебна година.  Ова е срамно и понижувачки. Оваа одлука на Владата СДСМ – ДУИ е удар за тетовското образование.  За оваа незаконска и скандалозна одлука ќе ги информираме сите релевантни интитуции и дипломатски претставништа. Јавно ја повикуваме оваа ненародна Влада да престане со нанесување штети, од кои овој пат страдаат нашите ученици!  Образованието не смее да се користи за задоволување на нечии страсти и лични интереси. Тоа, нема да го дозволиме, порача Карапетров.

Тој се осврна и на изборите од 20 август.

-Пред само неколку дена имавме локални избори. Ја користам оваа прилика да ги прашам кандидатите за советници на СДС , со кој образ одеа кај тетовчани и бараа гласови, а притоа знаеа за ваквата одлука на нивната влада донесена на само неколку дена пред изборната кампања ? Дали не е ова срамно и лицемерно од нивна страна ? Сега, нека видат сите тие 1900 тетовчани на кого ги дадоа своите гласови ? Исто така, сакам да истакнам дека доколку Владата не ја повлече оваа скандалозна одлука, ќе излеземе на протести заедно со наставниците, учениците и нивните родители, а ќе ги повикаме и сите граѓани на Тетово, истакна Ангел Карапетров.

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Вести

Дваесет и седумгодишна тетовчанка пријавила каснување од бездомно куче

26/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

26/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија

25/01/2023
Следна објава

Објектите од старото медицинско училиште остануваат за потребите на гимназијата и паралелките на македонски јазик

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.