• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Инфо компас

АПИС: Денес остваривме средба со координаторите на ВМРО ДПМНЕ, во понеделник ќе имаме средба со коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ

09/03/2023
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Соопштение на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС):

Денес, претставници на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) заедно со претставници на Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) остваривме средба со пратеници на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Северна Македонија. Средбата се реализираше како резултат на барањата на двете асоцијации, кои се испратени до сите инстанци на законодавната власт. Во понеделник ќе имаме средба и со Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ.

Наша должност е да ги информираме народните избраници, за крајно штетните последици кои неминовно следат доколку овој Предлог на закон за измени и дополнување на игрите на среќа и забавни игри биде изгласан од Собранието. Уште повеќе што нема никакво издржано објаснување зошто е одлучено токму на овие законски измени да им се стави Европско знаме, што никогаш претходно не било законодавна пракса, земајќи предвид дека измените предизвикуваат драматични финансиски импликации.

На средбата, ја искористивме приликата да ги пренесеме суштинските забелешки за целокупната постапка за законски измени. Убедени сме дека е неопходно е да се отвори широка општествена, јавна дебата преку која ќе се дојде до најсоодветните модалитети кои ќе ги следат сите светски стандарди за организирање игри на среќа. Објаснивме дека предлогот за дислокација на објектите каде се организираат игри на среќа е многу тешко изводлив на терен. Согласно постоечката урбанизација, дистанцирање на одреден објект на 500 метри од едно училиште, ќе го приближи истиот објект на помалку од 500 метри до друго училиште. Затоа,  дистанцата од 500 метри по својата суштина значи дека се предлага целосно затворање на оваа економска дејност. Потенциравме дека ќе се затвори 100 проценти законски бизнис што автоматски ќе предизвика игри на среќа да се играат на црно, во подруми, како децении наназад. Државата ќе нема ниту контрола, ниту ќе остварува буџетски приливи. Приходите од играње во диви играчници ќе завршуваат во приватни џебови, без да се плаќаат лиценци и даноци.

Наведовме компаративни примери кои укажуваат дека ставањето Европско знаме на предложените измени е без основ, бидејќи актуелните процеси во Европа и соседството ги демантираат домашните критичари на игрите на среќа. На 29 јануари, 72 проценти од жителите на Лихтенштајн на референдум со гласање против ја отфрлија иницијативата за затворање на игрите на среќа во Кнежевството.  Во октомври лани, албанската Влада соопшти дека после четири годишната забрана ги враќа игрите на среќа. Образложението на нивниот Премиер Еди Рама е дека после забраната, игрите на среќа во Албанија почнале да се одвиваат на црно и дека повторното отворање на индустријата значително ќе и помогне на албанската економија. И во Грција беа забранети на игрите на среќа. Кога грчките власти видоа дека меѓу 3 до 5 илјади Грци само во еден ден играат во Гевгелија, во 2018 поставија 36 илјади апарати за игри на среќа за да спречат одлив на финансиски средства надвор од државата.

Иако постоечкото законско решение е најстрого во регионот, укажавме дека генерално не сме против законски измени. Се противиме на погрешни, противуставни и популистички мотивирани законски измени, кои ќе предизвикаат хаос со игрите на среќа. Затоа, на 16 ноември 2022 со писмени барања адресирани до Владата и Министерството за финансии побаравме нашите правни тимови да бидат вклучени во процесот на изработка на предложените измени. За жал, и покрај писменото ветување на Министерството за финансии од 19.12.2022 дека после изготвувањето на првичниот драфт на измените ќе ни се овозможи како засегнати страни да се вклучиме со свои мислења и коментари, тоа не се случи.

Конечно, како асоцијации уште еднаш потенциравме дека имаме одговорност да ги заштитиме нашите вработени и огромните инвестиции во Северна Македонија кои ја придвижуваат македонската економија напред. Се надеваме дека нашите апели ќе вродат со плод и предложените законски измени ќе бидат повлечени за да се обезбеди целосно инклузивна постапка за изработка на вистински одржлива регулатива за игрите на среќа.

Асоцијација на приредувачи на игри на среќа

 

 

 

 

Поврзани објави

Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 28 март

27/03/2023
Следна објава

Прекини во напојување со електрична енергија на 10 март

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.