• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

АПИС до пратениците : Која ЕУ директива предвидува затворање на легални игри на среќа и 10 илјади луѓе да останат без работа?

16/03/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Претставниците на Асоцијација на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина – АПИС, поддржани од стотина вработените во Групацијата Новоматик и Апекс Македонија и Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) со дел од вработените, денес во пресрет на пленарната седница на чиј дневен ред е Предлогот на закон за измени и дополнување на законот за игри на среќа и забавни игри со ЕУ знаме, до сите пратеници, без разлика на нивната политичка, етничка или верска припадност испратија директни пораки.

„И покрај нашиот јавен повик, владиниот Секретаријат за европски прашања не даде одговори на следните оправдани дилеми на јавноста:

-Која ЕУ директива предвидува затворање на легални игри на среќа
-Која ЕУ директива создава предуслови за игри на среќа на црно, без државна контрола
-Која ЕУ директива предвидува 10 илјади луѓе да останат без своите работни местa
-Која ЕУ директива овозможува противуставни законски измени?
-Која ЕУ директива предвидува бркање странски инвеститори кои доаѓаат од земја членка на ЕУ?

Побараа од пратениците да не наседнуваат на лажниот популизам кои го шират противниците на легалните игри на среќа. Сметаат дека истите тие никогаш нема да кажат чии бизнис интереси штитат и нема да преземат одговорност за хаосот кој следи доколку овие законски измени се усвојат.

„Добро е сите пратеници пред да гласаат да си го постават прашањето, кога младите се повеќе заштитени, сега кога игрите на среќа се одвиваат на легален начин или кога ќе се организираат на црно и државата ќе нема никаква контрола?“, реторички истакна во изјавата Горан Стоименов, претставник на АПИС.

Асоцијацијата уште еднаш предупреди дека ако овие законски измени не се повлечат и низ една широка општествена, јавна дебата со вклучување на сите засегнати страни не се пристапи кон изработка на одржливо законско решение кое ќе ги следи сите светски стандарди за игри на среќа, АПИС, АСОМ и Здружението на вработени во сектор игри на среќа “Сакам да работам” ќе бидат принудени да излезат на масовни протести.

„Ќе се бориме до крај против неправдата со сите демократски средства. Ако надлежните институции не сакаат да ги прифатат нашите аргументи ќе немаме друг избор. Наша должност е да ги заштитиме вработените и огромните инвестиции кои ја придвижуваат македонската економија напред“, рече Стоименов.

Во изјавата беше нагласено и дека во овој момент на совеста на сите пратениците се оставени судбините на 10 илјади семејства, кои доколку се изгласаат овие законски измени ќе бидат принудени, во најголем број да си ја бараат среќата во западните земји, членки на ЕУ, каде повторно ќе работат во истата економска дејност. Посочија дека во игрите на среќа работат обични луѓе, меѓу кои и родители на малолетни деца кои чесно си ги заработуваат платите и не сакаат да бидат избркани од сопствената држава.

Асоцијација на приредувачи на игри на среќа – АПИС

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Во вчерашната акциска контрола од 14 до 20 часот откриени и законски санкционирани 11 технички неисправни возила

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.