• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Армијата се приклучи во пребарувањето на 22 годишниот возач кој излета во реката Вардар

30/09/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Четврти ден по ред продолжува пребарувањето по излетувањето на 22 годишниот возач кој излета во реката Вардар кај тетовско Желино,  а дел од активностите се и припадниците на Армијата.

-Вчера и денес активно вклучени во пребарувањето се десет луѓе од специјализираните единици како и 50-тина припадници на Армијата од касарната во Тетово.  Припадниците Армијата дејствуваат во координација со останатите институции,  информираше полковник Тони Јаневски, портпарол на Генерал Штаб на Армијата.

Од тетовската полиција информираа дека денеска се пребарува во водите на Вардар на потегот од мостот на тетовско Желино до скопското село Радуша.

-Пребарувањето во кое учествуваат и припадници на МВР, Армијата, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, неколку нуркачки екипи и жители од селото, се одвива со зголемена динамика, метар по  метар од водите и брегот на реката. Со цел да се овозможи непречено пребарување и денеска е намалено нивото на водaтa во реката, што им овозможува на пребарувачите да имаат подобар преглед  и побрзо движење долж течението, информираше Марјан Јосифоски од СВР Тетово.

Дваесет и две годишниот кумановец Е.Р. на 27 септември околу 11 часот и 30 минути со возило „фолксфаген голф“ со кумановски регистарски ознаки излета од коловозот во реката Вардар.

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Од утре во Тетово почнува наплаќањето на три нови паркинг зони

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.