• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Асоцијација на приредувачи на игри на среќа (АПИС) бара да се обрати пред пратениците за штетите кои следат доколку се изгласаат законските измени за игрите на среќа

08/03/2023
во Актуелно, Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Асоцијација на приредувачи на игри на среќа (АПИС) во соопштение до јавноста бара да се обрати пред пратениците за штетите кои следат доколку се изгласаат законските измени за игрите на среќа:

-Како Асоцијација на приредувачи на игри на среќа (АПИС) во кои членуваат трговските друштва кои организираат игри на среќа во автомат клубови и казина, претставници на Новоматик и Апекс од Република Австрија, побаравме од Собранието на Република Северна Македонија да се обратиме на седницата на Комисијата за европски прашања кога ќе биде разгледуван Предлог на законот за измени и дополнување на законот за игри на среќа и забавни игри. Нашето барање е во согласност со член 122 став од Деловникот за работа Собранието. Наша должност е да ги информираме народните избраници за крајно штетните последици кои неминовно следат доколку законски измени бидат изгласани од Собранието со решенијата кои се дел од предложените законски измени.

Иако постоечкото законско решение е најстрого во регионот, ние генерално не сме против законски измени. АПИС се противи на погрешни, противуставни и популистички мотивирани законски измени, кои ќе предизвикаат хаос со игрите на среќа. Затоа, на 16 ноември 2022 со писмени барања адресирани до Владата и Министерството за финансии побаравме нашите правни тимови да бидат вклучени во процесот на изработка на предложените измени. За жал, и покрај писменото ветување на Министерството за финансии од 19.12.2022 дека после изготвувањето на првичниот драфт на измените ќе ни се овозможи како засегната страна да се вклучиме со свои мислења и коментари, тоа не се случи. Напротив, Владата од необјасниви причини одлучи на предложените измени да им стави Европско знаме, што никогаш претходно не било собраниска пракса, земајќи предвид дека измените предизвикуваат драматични финансиски импликации.

Демократски обичај е како странски инвеститори, претставници на капитал кој доаѓа од земја членка на ЕУ,  да бидеме ислушани и нашата експертиза и знаење да биде земено предвид со цел изработка на одржливо законско решение во согласност со највисоките светски стандарди за организирање игри на среќа. Досега како Групација во Република Северна Македонија сме инвестирале 124 милиони евра, имаме тековни инвестиции од дополнителни 30 милиони евра, вработуваме илјадници луѓе. Како општествено одговорни компании донираме во јавното здравство, спортот, културата и постојано учествуваме или сме покровители на хуманитарни акции. Целата економска дејност – игри на среќа годишно приходува 280 милиони евра во буџетот, што е зафаќање од 6 проценти од приходната страна на централниот Буџет предвиден за 2023 година.

Конечно, како Асоцијација на приредувачи на игри на среќа имаме одговорност да ги заштитиме нашите вработени и огромните инвестиции во Северна Македонија кои ја придвижуваат македонската економија напред. Очекуваме од Собранието нашето Барање да биде прифатено.

Асоцијација на приредувачи на игри на среќа (АПИС)

 

 

Поврзани објави

Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Следна објава

Драмското студио Тетово најавува многу смеа на монодрамата „Иконија, пардон матмазел Ика“ по текст на Јован Дамјановски

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.