• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 6 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Асоцијација за цистична фиброза: Државата да обезбеди средства за воведување на модулаторна терапија

25/12/2022
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА

Почитувани

До овој момент, и покрај ветувањата кои што до сега ги добивавме од Министерството за здравство, Фондот за здравство и Одделите каде се лекуваат нашите пациенти, нема поместување во третманот на болеста кон подобро, а здравствената состојба на секој од нас се влошува.

Како што знаете, Асоцијацијата за цистична фиброза водеше активна кампања, за да ги поттикне надлежните институции за воведување на модулаторна терапија за сите пациенти. Терапија која од корен ја видоизменува состојбата на пациентите. Собрани се над 10 000 потписи во знак на поддшка на петицијата и истите беа приложени и до Министерството за здравство. Зошто се уште нема обезбедено терапија и дали ќе се обебеди, немаме добиено одговор.

До сега сите надлежни каде се имаме обратено, се емпатични и со желбата за инклузија само на зборови, но не се тука за решавање на нашите проблеми. Станавме маргинализирана група на млади луѓе кои се втуркаат кон пропаст.

Како што знаете станува збор за непредвидлива и прогресивна состојба, секој момент е драгоцен, а времето кое ни преостанува е се помало. Дојде “5 до 12”, има пациенти во многу тешка состојба баш поради неажурноста на властите, што не смее да се толерира. Ни еден живот не смее да биде загубен!!!

Поради тоа, ГИ ПОВИКУВАМЕ СИТЕ кои сакаат да не поддржат во нашата борба ДА ДОЈДАТ на 26-ти ДЕКЕМВРИ, ПОНЕДЕЛНИК, 11:55 (5 до 12) пред МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО, со една и единствена цел, а тоа е да ги оствариме нашите права!

1.Право на модулаторна терапија за сите пациенти со ЦФ.
Државата ВЕДНАШ да обезбеди средства за воведување на модулаторна терапија по принципот на сите европски и балкански држави, со соодветен план и стратегија за опфаќање на целата популација која е заболена од оваа ретка болест.

2.На Клиниката за пулмологија и Клиниката за детски болести да се создадат услови за лекување на пациентите според протоколите за лекување на оваа состојба со формирање на стручни тимови и соодветни и стандардизирани услови за хоспитализација.

3.Фондот за здравствено осигурување да обезбеди медицински помагала кои се неопходни за секој пациент во секојдневната терапија а тоа се:

-Инхалатори со висок степен на дифузност, по препорака на доктор специјалист
-Пеп/Флатер за физикална терапија

До сега ниедна од институциите не најде за сходно да одговори на нашите барања и се до тогаш ние ќе го изразуваме нашето незадоволство.

Здравјето и животот на група млади луѓе се нешто на кое не смее да се става цена и не смее да се игнорира! Ние имаме право на лек, а тие обврска да ни го обезбедат!

Со почит,  Асоцијација за цистична фиброза

 

ПОТСЕТУВАЊЕ – СТОРИЈА НА ТЕТОВО ИНФО ОД 2020 ЗА АЛЕКСАНДАР КОЈ НА НЕГОВИ 15 ГОДИНИ И ПОКРАЈ ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА УСПЕА ДА ГО ИСКАЧИ ТИТОВ ВРВ

Петнаесетгодишниот Александар го искачи Титов врв иако се соочува со цистична фиброза

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Освен прозорците демолирана целата внатрешност на планинарската кула на Титов врв

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.