• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Бесплатни ехо прегледи за откривање на карцином, лекарите апелираат на чести контроли

14/03/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Здружението на пензионери во Тетово денеска започнаа бесплатни прегледи со ехо апарат со цел рано откривање на рак кои ги спроведува д-р Павле Спасеновски. Активноста се организира по повод Неделата за борба против рак, а прегледи ќе има и во четврток и петок.

Специјалистот за ЕХО дијагностика упатува апел што повеќе луѓе да ја искористат можноста за преглед бидејќи се повеќе има заболени луѓе од оваа болест.

-Акцијава е во соработка со Црвен крст Тетово и се прават бесплатни прегледи со ЕХО апарат на дојки и тироидна жлезда, за сите возрасти важи.  Досегашните моите согледувања во оваа амбуланта се поразителни со тоа што ако кажам дека кај 50 отсто од прегледаните се наоѓа малигнитет, што можам да го оценам како катастрофа. Причина е стресната состојба.  Жално е но порано карциномот на дојките беше дијагностициран кај повозрасни личнсоти, а сега има и околу 30 годишни жени. Тредовно да прават годишни прегледи. Мамографија треба да направи за да се утврди дијагнозата. Мојата препораката е сите жени да се контролираат, ЕХО е најточно за рано откривање на болеста. Самоконтролата е најважна работа,  секое женско лице да ја провери состојбата на дојките, а ако почувствува некоја разлика да се јави на лекар, изјави д-р Павле Спасеновски.

Докторот потенцира дека карцином на дојка може да се открие и кај мажи, иако во еден процент, но во неговата повеќедецениска работа открил пет такви случаеви во тетовскиот регион.

-Кај машките е потешко да се открие затоа што касно доаѓаат и нема симптоматологија. Може да се најде само тврда грутка, неподвижна и колку е да мала, треба да се провери. Затоа правиме вакви бесплатни прегледи и апели сите да дојдат и да се прегледаат, рече д-р Спасеновски.

Прегледите во просториите на Здружението на пензионери во Тетово  во четврток и петок ќе се извршуваат од 10 до 14 часот.

ас

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

За непрописно престигнување казнети 25 возачи од 45 до 250 евра

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.