• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Бесправна сеча на дрвја затекната во националниот парк Шар Планина, интервенирала шумската полиција

28/02/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Од Јавна установа Национален парк Шар Планина информираат дека изминатиот викенд на 25 и 26-ти февруари при редовно патролирање на територијата утврдена е бесправна сеча на дрвја по што е повикана шумската полиција да интервенира. По извршен теренски увид оваа бесправна сеча е  евидентирана во атарот на село Лавце.

-Поради добиен впечаток дека сечењето е сèуште активно, на ден 26 февруари 2023 година од ЈУ НП Шар Планина беше организирана акција за откривање на извршителот на бесправното дејствие, кој беше затекнат при сеча на истата локација. Случајот беше пријавен во Шумска Полиција ПШС Тетово, чии претставници дојдоа на лице место и го презедоа случајот на понатомошно постапување, информираше директорот Ибрахим Дехари.

Воедно викендов по претходна дојава за криволов во Национален Парк Шар Планина на повеќе локации биле извршени контроли.

-Потсетуваме дека на територија на Националниот парк Шар Планина е забранет ловот на диви животни и забрането е движење на лица со пушка и други средства за лов. Незаконитиот лов е казнив по член 228 од КЗ на Република Северна Македонија, а за непочитувањето и прекршувањето на законите и правилата Националниот парк ќе превземе соодветни мерки согласно позитивните законски прописи, информираше Дехари.

Службите од националниот парк периодов евидентирале и шумски пожар во Бродец село кое во заштитеното подрачје.

ас

фото ЈУ НП Шар Планина

Поврзани објави

Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 28 март

27/03/2023
Следна објава

Прекин во напојување со електрична енергија на 1 март

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.