• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Библиотека „Кочо Рацин“-Тетово ја демантира министерката за култура дека се согласни предложеното преселување

13/09/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Вработените во НУ Библиотека „Кочо Рацин“-Тетово ја демантираат министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска дека се сложиле да се преселат во новите простории. Тие повторно потенцираат дека им е наложено од Министерството да се преместат во простории со помалку квадратни метри.

– После изјавата на министерката за култура, НУ Библиотека „Кочо Рацин“-Тетово демантира дека ние наводно сме се сложиле за преселувањето на Библиотеката во новите простории, уште повеќе дека Министерството за култура никогаш ни нема пратено писмено известување за да бара наше мислење за преселување на истото. Напротив, вработените и Управниот Одбор се со исто мислење дека просториите каде што треба да се преселиме имаат полоши услови од сегашните и не ги исполнуваат условите за нормално функционирање на библиотеката. Исто така, просториите каде што се планира преселувањето се помали од актуелните, се вели во соопштението на директорката на библиотека „Кочо Рацин“, Резарта Исмаили.

Министерката вчера рече дека од 460 квадратни метри се преместува во други 460 метри, но од библиотеката потенцираат дека досега имале 156 квадрати, а добиваат нови простории со 148 квадратни метри од кои 13 квадрати се ходници.

– Одлуката за напуштање на просториите во рок од 15 дена стигнато ни е од Центар за култура „Иљо Антески-Смок“-Тетово на 07.09.2023 додека на 12.09.2023 имаме и писмена реакција пратено до Министерството за култура, Владата на РС Македонија и до Центар за култура, со известување дека условите каде што треба да се пресели библиотеката не се соодветни. Исто така е побарано да се формира комисија и да се направи увид на просториите со цел да се избегне ситуацијата да не можеме да ги преместиме книгите и истите наместо да се користат од страна на читателите да завршат во пакети, се вели во дописот од директорката Резарта Исмаили.

Според сознанијата на вработените, Владата, местото од библиотеката сака да го отстапи на Делегацијата на Европската унија.

ас

Поврзани објави

Вести

Ликовна мултикултурна работилница во ОУ „Гоце Делчев“-Тетово по повод Недела на детето

03/10/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово: Тешко повреден пешак на 79 години

03/10/2023
Вести

За девет месеци во 2023 изречени 5714 мерки за пребрзо возење на тетовското подрачје

03/10/2023
Вести

Дискусија „Политичко учество на лицата со попреченост“ – во 80 општински совети има само две лица со попречeност

03/10/2023
Вести

Песните од проектот „Македонијо во срце те носиме“ утре ќе се пеат во Тетово

03/10/2023
Вести

На патот Пирок-Тетово животот го загуби 18 годишно момче од Синичане

03/10/2023
Следна објава

На 18 септември понеделник ќе се одбележи годишнина од осветувањето на црквата Света Екатерина во Стенче

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!