• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Библиотеката „Кочо Рацин“-Тетово ги награди најдобрите ученички поетски творби по повод Светскиот ден на книгата

25/04/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовската библиотека „Кочо Рацин“ денес организираше манифестација на која беа доделени наградите за најдобри поетски творби на учесниците на „Литературниот конкурс“ за поетска творба на кој учествуваа ученици од основните училишта од тетовскиот регион. Воедно со овој настан беше одбележан и Светскиот ден на книгата и авторското право.

-Учениците, од кои повеќето се и редовни читатели на библиотеката, преку своите стихови, со убави зборови ги искажаа своите најискрени чувства за книгата, која е и тема на овој конкурс. Изразувам благодарност до Комисијата за избор на најдобри поетски творби. Посакувам да имаме повеќе вакви манифестации, бидејќи на овој начин преку напишаните стихови младите ја пренесуваат својата порака за љубовта кон книгата и пишаниот збор, со што се подигнува  интелектуалното ниво во општеството, беше истакнато во поздравната реч која во беше прочитана во име на директорката Резарта Исмаили.

На литературниот конкурс за најдобра поетска творба со Тема: Книгата – извор на знаењето прва награда на македонски јазик доби Рахела Степаноска, ученичка во ОУ„Гоце Делчев“ – Тетово со Втори награди добија учениците Теа Ристоска од ОУ „А.С. Ќиќиш“ – Тетов и Амела Исени од ОУ „Ибрахим Темо“- Стримница. Трети награди добија Емануел Петровски, Катерина Тофилоска и Медина Абдурамани, информираше Мирко Видоески од Комисијата за наградување на творбите.

На албански јазик прва награда доби ученичката Влера Меркез, додека втора награда Лина Мемеди и Анеса Селими. Како третонаградени се Сара Рамадани, Илза Хајрули и Ерина Имери. За прв пат годинава конкураа и ученици од настава на турски јазик, при што прва награда и беше доделена на Есра Асани, втора награда на Черен Башер и трета на Амра Шаќири, информираше Мирко Видоески од Комисијата за наградување на творбите.

Пофалници и благодарници добија ученици од секое основно училиште како и менторите на пријавените. Дел од манифестацијата беше читање на пораката на генералниот директор на УНЕСКО, обраќање на претставниците на општината и изведба на музичка точка.

ас

 

 

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Отворен ден на Универзитетот во Тетово за промовирање на можностите за студирање

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!