Уставни измени само доколку го рефлектираат мултиетничкото општество на државаа. Ова е одговорот на новинарско прашање до тетовскиот градоначалник и воедно претседател на Движење Беса, Биљал Касами за предлогот на Христијан Мицкоски при уставните измени да се земе во предвид хрватскиот модел.
-Ние сме отворени да разговараме за секаков модел кој јарефлектира реалноста во Северна Македонија. Македонија е мултиетничко општество и државата треба да биде регулирана за да ги рефлектира правата и обврските на граѓаните согласно нивните различности. Така да, секоја дискусија поширока за уставна регулација на државата за нас е добредојдена. Сме заинтересирани да бидеме дел, но не сме заинтересирани да разговараме за било било каков модел кој не рефлектира на мултиетничкиот карактер на општеството во Северна Македонија, истакна Биљал Касами денеска од Тетово.
ас