• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 23 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Биљал Касами: Намален долгот на Општината-„Градски паркинг“ единствено јавно претријатие што работи без блокирана сметка

03/11/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами на прес-конференција информираше дека речиси една година по преземањето на функцијата во одредена мера намален е долгот на општината, јавните претријатија и училиштата. Тој образложи дека од вкупниот долг од 24.018.000 евра сега е намален на 23.400.000 евра.

-Од вкупниот долг, главно намалување е долгот на самата општина од 14 на 13 милиони евра. Како резултат на успешното менаџирање на општинските финансии, успеавме да исплатиме над 3 милиони евра од наследениот долг, но во исто време, имајќи го предвид фактот дека продолживме со зголемен интензитет со реализација на инфраструктурни проекти (патишта, водовод, канализација и сл.) кои имаат вредност од над 2 милиони евра, нето долгот на општината е намален за околу 1 милион евра и денеска изнесува околу 13 милиони евра, информираше Касами.

Тој информираше дека кај училиштата сите долгови од 80 илјади евра се целосно раздолжени и тие функционираат нормално, но проблеми со надминување на долговите има кај комуналното претријатие.

-Состојбата сеуште е потешка во ЈКП, која дојде како резултат на зголемувањето на минималната плата, како и енормното поскапување на струјата и нафтените деривати од една страна, и неуспешната наплата на сметките од друга страна. Кога дојдовме на власт, ова претпријатие имаше речиси 10 милиони евра долг и многу други проблеми, како доцнење на плати, немање доволно кадар, ниту опрема (камиони, контејнери и сл.). За соочување со овие проблеми донесовме одлука дека е потребна целосна реорганизација на претпријатието, за што имаме краткорочен и долгорочен план, со кои очекуваме дека ЈКП конечно ќе почне да работи функционално, ефикасно и без проблем во услугата на граѓаните, истакна Касами.

Единствено општинското претријатие кое работи без поголеми проблеми е ЈП „Градски паркинг“.

-ВО ЈП „Градски паркинг“ покрај долгот што го објавивме, затекнавме и неисплатени плати на вработените од над 50.000 евра. Ги расчистивме и сега платите се добиваат уредно и навремено. И покрај сите тешкотии, претпријатието успеа да исплати дел од долгот и денеска работи со деблокирана сметка,рече Касами.

 Според градоначалникот зголемени се и приходите на општината.

-За само една година ја добивме довербата од граѓаните и плаќањата и обврските кон општината постигнаа значително подобрување во однос на претходните години. Сопствените приходи на општината (данок на имот, данок на промет и други општински даноци) за само 10 месеци се остварени за речиси 120% (160 милиони денари од планираните 135 денари). За една година од кога раководиме со општина Тетово, имаме остварено личен доход во износ од над 200 милиони денари, речиси 85 милиони повеќе од она што го оствари претходното раководство за истиот временски период, изјави Касами.

Градоначалникот информираше дека за овој период на име на казнена камата, во текот на оваа година, извршителите од општината зеле близу еден милион евра.

ас

Поврзани објави

ВМРО ДПМНЕ Тетово ОК
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Реакција на Фејсбук објавата на градоначалникот Биљал Касами

22/03/2023
Вести

СДСМ: Градоначалникот Биљал Касами да не споделува ставови фаворизирајќи само една етничка група

22/03/2023
Вести

За 80 денови 1192 мерки за непрописно паркирани возила, 946 подигнати со пајак-возило

22/03/2023
Вести

Нов мултифункционален спортски терен во тетовската гимназија – донација од советникот Станислав Бојчески

22/03/2023
Вести

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ со премиера на приказната за Црвенкапа

22/03/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија на 22 март

22/03/2023
Следна објава

Лишени од слобода двајца браќа поради меѓусебна физичка пресметка

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.