На прес-конференицијата по повод една година работење градоначалникот на Тетово, Биљал Касами се обрати до централната власт и побара касарната во градот да биде доделена на општината со ветување дека површината ќе ја направи парк.
-Ако нема друго решение Владата за тој дел од градот, а веќе во другите градови касарните се дадени на локалната власт, ние бараме и во случајот на Општина Тетово да се додели на општината и ние ветуваме дека ќе го претвориме во модерен и убав градски парк за сите тетовчани да ги користат придобивките од тоа. Исто така јавно и до иницијативата Тетово сака парк, бидејќи знаеме дека дел од нив се функционери на актуелната власт да ни помогнат заедно да дадеме можност на тетовчани да имаат убав модерен парк, посочи Касами.
Тетовскиот градоначалник за една година работа посочи дека се вратени долгови и започнати нови проекти. Истакна дека е задоволен што компаниите соработувале и имале разбирање за репрограмирање на долговите. Искажа незадоволство од непостоењето на соработка со централните власти и судството. Според него за десет месеци реализирани се 120 отсто од изворните приходи на општината.
ас