• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 29 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Биљал Касами : Владата со незаконска одлука еден објект од старо медицинско училиште го дава на трајно користење на Катастар

26/08/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами на прес-конференција информираше дека ќе ја тужи Владата за незаконска одлука и решение со кое една од зградите од училишниот комплекс познат како Стара медицина се дав на трајно користење на Агенцијата за катастар на недвижности. Касами посочи дека Владата со оваа одлука го прекрши и Законот за основно и средно образование, а воедно дека не биле воопшто консултирани како општина.

-Во 2004 година беа направени измени во Законот за средно образование, со кои сопственоста и недвижниот имот на средните училишта се пренесува на локалната самоуправа , односно на општините. Во член 112 став 1 од Законот за средно образование се вели: Сопственоста на училишните објекти и имотот на средните училишта , од став 1 на овој член, со одлука на Владата ја презема општината. Со оваа одлука, Владата Ковачевски-Ахмети не само што го прекрши Законот за средно образование, туку ги погазува и одлуките на самата Влада. Незаконска владина одлука со единствена цел-да се нанесе штета на образованиот процес во Тетово, посочи Касами.

Тој побара Владата итно да ја преиспита оваа одлука, објаснувајќи дека зградата на медицинското училиште може да се користи исклучиво за образовни цели, а никако за друга намена и за лична корист. Според Касами, Владата на овој начин продолжува да и штети на Општина Тетово.

-Како да не беше доволно целосното запоставување и негрижа од страна на Владата за поплавите и штетите од невремето изминативе денови, Тетово повторно се соочува со злобна и нелогична одлука на Владата на Ковачевски и ДУИ. За жал, власта, поточно ДУИ, не може да прифати тоа што граѓаните на Тетово ја осудија за злобната и одмаздничка политика што ја води кон Тетово и неговите граѓани. Надвор од секоја здрава логика, СДСМ и ДУИ продолжуваат со реваншизмот кон Тетово и тетовци. На одмазднички начин, Артан Груби потпишал одлука, со која старата зграда на медицинскиот училишен центар се дава на трајно користење на Катастарот на Тетово. Како што може да се види, со оваа одлука, овој објект без потреба и без никаква предходна консултација, се дава на користење на Катастарот. Оваа одлука ја оценуваме како самоволна и како одмазда со казнување на образованиот процес и учениците од Тетово, знаејќи дека во овој објект се држи настава, рече Касами.

Наместо Владата да нуди инвестиции за зголемување на просторниот капацитет за учење и создавање подобри услови за учениците, таа го прави спротивното, одзема простории, само за да ја задоволи загубата на функционерите на ДУИ, смета Касами.

-Оваа одлука е злонамерна тенденција на Груби да им наштети на тетовските средношколци и да создава непотребни проблеми, и тоа во време кога образованието во Тетово има потреба од модернизација и просторно проширување. Со оваа одлука на Владата на СДСМ и ДУИ, директно страдаат учениците, оневозможувајќи да имаат основни услови за образување. Ова е удар и за образовната историја во Тетово воопшто, знаејќи дека токму од оваа зграда излегуваа успешни генерации ученици дури и во најтешките времиња за градот. Оваа одлука е одлука на срам и одмазда, одлука за која не се размислувало ниту во најлошите времиња за Тетово, истакна Касами.

Во објектите на Стара медицина се одвива настава на паралелките по македонски јазик при гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“. Касами рече дека учениците и покрај оваа состојба ќе ја почнат новата учебна година.

ас

Поврзани објави

Инфо компас

Повик од Општина Брвеница граѓаните да платат данок на имот

28/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Следна објава

Скопјанец приведен во Тетово поради најдени фалсификувани пари

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.