Билтен на случувања на СВР Тетово: Украдени пари од црквата во Жилче
Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (6 јули) околу 20 часот и 40 минути ги привеле Е.Н.(22) и Ф.Н.(53) од тетовско Теново, кои претходно биле пријавени од нивниот 36-годишен соселанец Б.Ш. дека околу 17 часот и 30 минути во селото физички го нападнале. Тие се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе се соочат со соодветни поднесоци.
Шеесетгодишниот П.Р. од тетовско Жилче вчера (6 јули) во СВР Тетово пријавил дека на 5/6 јули годинава со употреба на сила било влезено во црквата „Свети Никола“ во ова село и биле одземени пари. Извршен е увид од екипа на СВР Тетово.
Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (6 јули) околу 20 часот, на земјен пат во тетовско Џепчиште, го пронашле товарното моторно возило „мерцедес спринтер“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на М.З. (31) од тетовско Желино, кое на 5 јули годинава беше пријавено за одземено. По извршениот увид возилото му било вратено на сопственикот.