• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 ноември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Билтен на СВР Тетово-Кај Јанчиште најдена нива пченка и 150 стебла канабис сатива

12/10/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер (11 октомври) околу 22 часот и 50 минути во тетовска Мала Речица ги лишиле од слобода М.А.(24) од тетовски Порој и И.А.(31) и М.И.(22) од гостиварско Чегране. М.А. бил затекнат при продажба на кокаин на двајцата чегранци. Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во домот на М.А., при што биле пронајдени и одземени пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера (11 октомври), полициски службеници на СВР Тетово, во месноста „Керамедлија“, атар на тетовско Јанчиште, во нива засеана со пченка пронашле над 150 стебла „канабис сатива“. Дел од стеблата се подигнати за вештачење, а останатите ќе бидат искорнати и уништени. Се расчистува случајот.

Вчера (11 октомври) во 21 часот и 15 минути во тетовско Горно Седларце, полициски службеници на СВР Тетово, со судска наредба, го привеле 23-годишниот Д.С. од ова село за издржување мерка притвор, по што бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје.

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (11 октомври) во 14 часот и 20 минути го привеле 52-годишниот С.Д. од тетовски Чифлик, кој со патничко моторно возило „форд фиеста“ со тетовски регистарски ознаки превезувал огревни дрва без потребните документи. Возилото и дрвата со потврда му се одземени и задржани во Полициското одделение Групчин за расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе следува соодветен поднесок.

Вчера (11 октомври) околу 16 часот 20 минути на улица „Киро Ристевски-Дрнц“ го лишиле 34-годишниот И.Е. од Република Турција со времен престој во Тетово, кој половина час пред тоа бил пријавен од неговата 38-годишна сопруга дека претходниот ден физички ја нападнал неа и нивно малолетно дете. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (11 октомври) во 21 часот го лишиле од слобода 33-годишниот З.Р. од Тетово, кој непосредно пред тоа бил пријавен од 40-годишниот тетовец В.Т. дека се однесувал агресивно кон него и му се заканувал. Задржан е во Полициската станица Тетово за расчистување на случајот.

Дваесет и четиригодишниот тетовец С.Р. вчера (11 октомври) во 17 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 13 часот во близина на крстосницата на улиците „Иво Лола Рибар“ и „Орце Николов“ во Тетово физички бил нападнат од Д.Д. од тетовската населба Дреновец. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

На 10.10.2023 околу 14.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека настанал пожар во нива на стариот пат Тетово – Скопје, на место викано „Деребој“, при што биле зафатени сува трева и 14 сандаци со пчелни семејства, сопственост на Д.Д.(46) од Тетово. Увид бил извршен.

 

 

Поврзани објави

Вести

Во пожар животот го загуби 78 годишник од Рогле, Општина Желино

29/11/2023
Вести

Полицајци ги едуцираат средношколците за меѓуетничка толеранција

29/11/2023
Вести

Приведен малолетник поради најдена дрога

29/11/2023
Вести

Полицајци фатиле 29 годишник при кражба во подрум во зграда

29/11/2023
Вести

За сквернавењето на црковното знаме на Попова Шапка лишен од слобода 33 годишник од Мала Речица

29/11/2023
Вести

Поставено ново знаме со грбот на МПЦ на јарболот пред црквата на Попова Шапка

29/11/2023
Следна објава

Од 10 до 14 часот полицијата казни 23 возачи за непропуштање на пешаци

Tetovo, MK
среда, ноември 29, 2023
broken clouds
4 ° c
86%
3mh
53%
11 c 3 c
чет
16 c 10 c
пет
17 c 9 c
саб
12 c 7 c
нед

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!