Ноќеска (10 октомври) четириесетина минути по полноќ, Ф.Р.(25) од тетовско Камењане во СВР Тетово пријавил дека околу 17 часот и 30 минути на патот Попова Шапка – Тетово, тој и негов другар биле физички нападнати од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Вчера (9 октомври) во 12 часот и 50 минути во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Пирок, во Камењане, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „форд“ со тетовски регистарски ознаки управувано од 70-годишниот А.Р. од Камењане и мопед, исто така, со тетовски ознаки што го управувал малолетник од ова село. Во несреќата, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка Болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.
Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер (9 октомври) околу 21 часот на улица „145“ во Тетово, по преземени мерки и активности го пронашле товарното моторно возило „цитроен берлинго“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на 60-годишниот тетовец С.З., кој утрото во 9 часот пријавил дека му било одземено од дворот пред неговата куќа во Тетово. Возилото било вратено на сопственикот.