Четириесет и петгодишен тетовец вчеравечер (29 мај) во 21 часот и 35 минути пријавил дека на улица „Борис Кидрич“ во Тетово неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Четириесетгодишниот Д.Е. од тетовска Стримница, вчера (29 мај) во 19 часот и 20 минути во СВР Тетово пријавил дека било влезено во џамијата во селото и бил одземен лаптоп компјутер. Се работи на расчистување на случајот.
Четириесет и четиригодишниот гостиварец Ш.А., вчера (29 мај) во 15 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека Н.Н. од тетовска Мала Речица пред неколку години му ветил дека ќе му обезбеди работна виза за Германија, а за што му платил извесна сума парични средства. Според пријавеното, Н.Н. ниту му обезбедил виза, ниту му ги вратил парите. Се расчистува и документира случајот.
Вчера (29 мај) во 16 часот и 25 минути во СВР Тетово е пријавено дека претходниот ден околу 14 часот во тетовско Камењане, патничко возило удрило во велосипед што го управувал 61-годишниот Б.И. од ова село. Во несреќата, Б.И. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.
Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер (29 мај) околу 23 часот и 20 минути на локален пат во тетовско Боговиње ги лишиле од слобода О.М.(23) и Ј.Х.(23), двајцата од Гостивар. При нивен и преглед на патничко моторно возило „форд“ со гостиварски регистарски ознаки, во кое се превезувале, а што го управувал Ј.Х., била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени поднесоци.