Ноќеска (5 јули), дваесетина минути по полноќ, на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 23-годишниот тетовец А.А., затоа што кај него му била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Вчера (4 јули) околу 12 часот и 55 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле М.Д.(35) од Република Албанија, поради непријавен престој на подрачјето и негова инволвираност во питачење. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.
Вчера (4 јули) во 20 часот и 40 минути во Полициската станица Тетово дошол 24-годишниот тетовец З.Д., кој претходно бил пријавен од 25-годишна тетовка, инаку негова поранешна девојка, дека физички ја нападнал. По целосно расчистување на случајот на З.Д. ќе му биде изготвен поднесо