• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 10 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

Богослужби за Велигденските празници во црквата Свети Атанасиј Велики во Брвеница 

12/04/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Црковното настојателство при храмот Свети Атанасиј во Брвеница информира за богослужбите кои ќе бидет отслужени по повод Христовото Воскресение-Велигден.

-Во исчекување на чудото Божјо, во исчекување на Воскресението, да се молиме искрено, да простуваме полесно, да веруваме посилно. Вера, Надеж, Љубов, Хармонија, Топлина и Светлина во секој дом!  Повелете заедно да го прославиме Воскресението Христово, и најголемиот Христијански празник Велигден во црквата Свети Атанасиј Велики во Брвеница, порачаа од црковното настојателство.

13 април-четврток Велики четврток – Ќе се служи утрена со часови и Литургија на Свети Василиј Велики од 07 часот.  Истиот ден од 17 часот ќе се читаат 12 страдални Евангелија на Господ Исус Христос.

14 април-петок Велики петок. Ќе се служат царски часови со вечерна богослужба од 07 часот кога ќе се изнесе и Плаштаницата. Истиот ден од 16 часот ќе се изврши опело на Господ Исус Христос со трикратен опход околу црквата.

15 април-сабота Велика сабота. Ќе се служи утрена со Литургија на Св. Василиј Велики од 07 часот.  Воскресение Христово – ВЕЛИГДЕН. Во 23.30 часот ќе започне трикратен опход со пеење на Воскресение Твое Христе Спасе и точно на полноќ со биење на камбаните ќе се објави Христовото Воскресение по кое ќе се отслужи Литургија на Св. Јован Златоуст и причест.

Од црквата воедно потсетуваат дека одзади храмот веќе подолго време верниците имаат на располагање нов паркинг. До паркингот се пристапува од кај училиштето и градинката.

ас

 

Поврзани објави

Вести

Градоначалникот на Јегуновце Димитар Костадиноски со отчет за работата во 2023 година

09/12/2023
Вести

Форум на жени СДСМ Тетово со активност по повод кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

09/12/2023
Вести

Потпишан договор-Клиничка болница Тетово ќе се реконструира со донација на компанијата Еколог

09/12/2023
Вести

Втора акција на Далибор од Тетово-донираше кревети за семејството Николовски од Секулица, Кратовско

08/12/2023
Вести

Од 8 до 14 часот изречени вкупно 204 казни за брзо возење на тетовско-гостиварското подрачје

08/12/2023
Вести

ООУ „Лирија“ со активности по повод празникот посветен на Свети Климент Охридски

08/12/2023
Следна објава

Откриени и санкционирани биле три возила кои имале неисправни сопирачки две со истечена регистрација

Tetovo, MK
недела, декември 10, 2023
scattered clouds
2 ° c
60%
1.95mh
26%
9 c 3 c
пон
13 c 4 c
вто
11 c 6 c
сре
14 c 7 c
чет

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!