• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 9 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Бојкот на настава-родители бараат да се вратат учителки на кои им завршил договорот за работа на опредено време

14/09/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во неколку тетовски училишта во наставата по албански јазик се бојкотира наставата, поради барање на родителите да се вратат на работа одделенските наставнички кај кои им завршил договорот за работа на определено време.

Родителите на учениците од трето одделение во единствената паралелка на албански јазик во ОУ „Гоце Делчев“-Тетово вчера и денес ја бојкотираат настава. Бараат да се врати на работа одделенската наставничка Емине Љума Османи, која според родителите е отстранета од работното место поради тоа што и завршил договоро за работа на определено време.

-Сакаме да ни се врати нашата учителка затоа што децата се научени на неа. Тоа е нашето барање. Цело одделение 25 ученици во едната паралелка на албански јазик. Кога доаѓаат работите да се мешаат во една политичка и партиска насока значи не дека само нашите деца се жртви, сите сме жртви во тоа. Но нас не не интересира таа работа. Едноставно не сакаме нашите деца да бидат психички или едукативно погодени од тоа, изјаави Анита Азири, претставничка на родителите.

По средбата со медиумите претставници на родителите заминаа и на средба со директорката на училиштето.

-Немаме ништо против новата наставничка. Сакаме да разговараме со директорката и новата учителка.Целта е да не бидат децата жртва на политички и партиски игри, изјави родителот Бурхан Алити.

 На 6 септември и дел од родителите на ученици во ОУ „Кирил и Методиј“ во Тетово  јавно протестираа и побараа да се вратат на работа десетина одделенски наставнички на кои им завршил договорот за работа. Тие сметаат дека треба да им се продолжи договорот бидејќи кога ги запишувале децата ги одбрале тие учителки.

ас

Поврзани објави

Вести

Помош за Турција и Сирија може да се остави на плоштад и во спортската сала на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“

08/02/2023
Вести

Акциска контрола на товарни возила-казни за шест возила

08/02/2023
Вести

Доцни изградбата на пречистителната станица за отпадни води за Тетово

08/02/2023
Вести

Движењето Антикоцкање: Kрајно време беше да се најде начин за оддалечување на објектите на игри на среќа

08/02/2023
Вести

Жител на Ѓермо задржан во полициска станица по пријава за напад од вработена во локал

08/02/2023
Вести

АПИС : Не постојат аргументи за вакви ригидни политики кон игрите на среќа

08/02/2023
Следна објава

Колективна изложба на 16-те учесници на Меѓународната уметничка колонија минатиот месец на Попова Шапка

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.