• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 27 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

Цело лето во Тетово многу свадби и многу истрели од огнено оружје-повеќе истраги, а само едно приведување

22/08/2022
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

За среќа без изгубени човечки животи поминаа големиот број свадби летово во Тетово на кои имаше многу пукање од огнено оружје. Сепак претераното користење на оружје доведе до последици- повредени луѓе, паднати залутани куршуми на возила, во соби во дворови и слично.

Најтешко поминаа најглавните на свадбите, младоженците-дел од нив разочарани од тоа што им била уништена свадбата поради таквото несоодветно однесување. Дел од граѓаните имаат разбирање- велат пукањето се должни на традицијата од минатото, но се согласни дека тоа е вознемирувачко во секојдневието на останатите жители.

-Има свадби, овде кога бевме на раскрсницава, дури на раскрсница застааа па пукаа од кола за време на свадба, да

-Нормално имаше, се слушаа некои истрели, воглавном доаѓаа од руралните средните, не беа од градското подрачје. Мислам навикнати сме на тоа.

-Имало пукање, пред очи на полицијата, отиде полиција да види, и не знам што стана, мене не ми сметало, ама жените и децата се плашат, ние возрасните сме претрпле. Пукањето е најтешка работа, ќе залета метак на недужен човек.

-Не е мирна атмосфера, не е пријатно да седиш во ваква атмосфера, изјави анкетираните жители на Тетово.

Во полицијата велат дека уште пред летото се обиделе превентино да делуваат, предупредувајќи го населението од опасносите да се користи оружје и законските последици.

На 18 август во планинското село Седларево приведен е 60-годишник од ова село, поради сомнение дека претходно на свадбена свеченост организирана од негов соселанец, пукал со огнено оружје и го нарушил јавниот ред и мир.

-Беа организирани 9 регионални средби на ткн. советодавни групи со месни и урбани заедници како и серија состаноци со вкупно 50 угостители. Минатиот и овој месец на подрачјето на СВР Тетово пријавени се неколку случаи на пукање од огнено оружје и приредување на огномети чие расветлување односно расчистување е во тек, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово

Иако на хартија казните се високи, тоа како да не ги спречи луѓето да пукаат. Предвидени се казни од 200 до 500 евра, како и затвор од една до пет години ако има потешки последици.

Поврзани објави

Вести

Жителите на Тетово бараат трајно решавање на проблемот со бездомните кучиња

18/01/2023
Теми и интервјуа

Евентуалната дислокација на објектите ќе предизвика хаос со игрите на среќа

02/01/2023
Теми и интервјуа

Надир Мурсели: Планинарењето почнува и треба да заврши дома, да се вратиш здрав и жив

31/12/2022
Теми и интервјуа

Во Тетово ретко се почитува Законот за заштита од пушењето, се пуши и во болнички простории

18/12/2022
Теми и интервјуа

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа 55 победи во 2022 година

12/12/2022
Теми и интервјуа

Пензионираниот доктор Џеки со мини-амбуланта во автомобилот, брзата интервенција спасува живот

04/12/2022
Следна објава

Граѓаните околу касарната бараат трајно решение за поплавите- градоначалникот Касами бара помош од Владата

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.