• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 23 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

34-те противпожарни единици во земјава вкупно имаат 284 возила, од најразличен вид – оние што гаснат пожар, цистерни за вода и возила за превезување на пожарникарите и опремата, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации 

06/06/2023
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

34-те противпожарни единици во земјава вкупно имаат 284 возила, од најразличен вид – оние што гаснат пожар, цистерни за вода и возила за превезување на пожарникарите и опремата, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Последното вакво истражување на Центарот за граѓански комуникации од 2020 година покажа дека тогаш во земјава имаше 241 возило, просечно старо 28 години. Ова значи дека во последните три години, зголемен е бројот на противпожарни возила, но староста е намалена само за една година. Сега има 284 возила, просечно стари 27 години.

Во последните три години се расходувани 22 стари возила, а се набавени дополнителни 65 возила, но со просечна старост од 17 години. Поради тоа, просечната старост на сите противпожарни возила во земјава изнесува 27 години. Сепак, од 2020 година наваму, купени се или добиени се како донација дури 29 нови возила.

Точно половина од вкупно 284-те противпожарни возила се постари од 30 години, додека само 15 % од возилата се стари до 10 години.

Недостигаат 340 пожарникари, најмногу – во најголемите градови

Иако последниот попис на населението покажа значително помалку жители во земјава со што се намали и законски потребниот број пожарникари по жител, сепак сè уште имаме 340 пожарникари помалку од законскиот минимум.

Помалку од законски предвидениот минимален број пожарникари има во 16 од 34-те противпожарни едници во земјава. Најмногу пожарникари, повеќе од 200, му недостигаат на главниот град Скопје.  Според законскиот минимум на Тетово му недостигаат 17 пожарникари.

Спротивно, најмалку пожарникари на 1.500 жители има Скопје, со половина пожарникар на 1.500 жители. Помалку од еден пожарникар на 1.500 жители имаат и Куманово – 0,6, Битола – 0,7, Тетово, Прилеп, Струмица и Велес по 0,8 и Дебар со 0,9 пожарникари на 1.500 жители.

База на податоци на противпожарни возила 2023

База на податоци за пожарникари 2023

Според Законот за пожарникарство и измените на овој закон што важат од 1 јануари 2020 година, минималниот број на професионални пожарникари во противпожарните единици треба да изнесува:

– во општините до 10.000 жители – девет професионални пожарникари,

– во општините од 10.000 до 15.000 жители – 13 професионални пожарникари,

– во општините од 15.000 до 24.000 жители – 17 професионални пожарникари и

– во општините со над 24 000 жители – еден професионален пожарникар на 1.500 жители.

Законот, исто така определува дека утврдениот број на професионални пожарникари на противпожарните единици се зголемува соодветно на бројот на жителите на соседните општини кои ги покрива формираната единица.

 

 

Поврзани објави

Вести

Од 21 до 3 часот полицијата открила шест возачи под дејство на алкохол

23/09/2023
Вести

Вечерва продолжи да гори боровата шума во близина на тетовско Милетино

22/09/2023
Вести

Тешко повредена 24 годишна тетовка во судир на мопед и автомобил

22/09/2023
Вести

Изгаснат пожарот на борова шума во Тетовско, пожарникарите ќе дежураат на местото

22/09/2023
Вести

Гори борова шума во Тетовско, се гаси и од земја и од воздух

22/09/2023
Вести

Приведени малолетник и 18 годишник за насилство, а 30 годишна жена за разбојништво

22/09/2023
Следна објава

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!