• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 30 мај 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Четири приведени лица-за најдена дрога, издржување казна затвор, насилство

25/05/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Вчера (24 мај) околу 15 часот, со судска наредба, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 49-годишниот тетовец Б.И. за издржување затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово. Нешто подоцна, лицето е спроведено во оваа установа.

Вчера (24 мај) околу 20 часот и 30 минути, на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 27-годишниот тетовец Д.Ј, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и против него ќе следува соодветен поднесок.

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (24 мај) околу 10 часот и 20 минути го лишиле од слобода 38-годишниот Ј.И. од тетовско Слатино. При претрес извршен со судска наредба во неговиот дом билe пронајдени марихуана, дигитална вага и метална дробилка. По целосно документирање на случајот на Ј.И. ќе му биде изготвен поднесок.

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (24 мај) во 10 часот и 10 минути го лишиле од слобода 33-годишниот тетовец Џ.И. поради сомнение за негова инволвираност во насилство пријавено на 9-ти мај годинава од 24-годишниот тетовец А.Ј., кое се случило во спортска обложувалница во Тетово на 22.04.2023. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот по што ќе следува соодветен поднесок.

 

Поврзани објави

Вести

Честите врнежи од дожд помогнаа да има чист воздух во Тетово

30/05/2023
Вести

Oткриени и санкционирани 32 прекршоци за неправилно и непрописно престигнување

30/05/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово-Пријави за напад врз дете и измама, украден лаптоп од џамија, повреден велосипедист

30/05/2023
Вести

Промоцијата на волонтерството како начин младите да активно да решаваат проблеми во заедницата

30/05/2023
Вести

Во Загреб е поставена изложбата „Убавите жени“ на тетовскиот уметник Славчо Максимовски

30/05/2023
Вести

Универзитетот во Тетово го поништи огласот за избор на ректор и ќе објави нов

29/05/2023
Следна објава

Во сабота во тетовско Теарце ќе се одржи манифестација „Денови на Кирил Пејчиновиќ“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!