• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Четворица полесно повредени пожарникари при денешната интервенција на објектот на патот кон Попова Шапка

14/09/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Со четворица полесно повредени пожарникари заврши интервенцијата за гаснење на огнот во објектот на патот од Тетово кон Попова Шапка, почнат утринава околу 6 часот. Пожарникарите интервенираа повеќе од четири часа само да се изгасне огнот, а останати се таму доколку има потреба за нова интервенција при изнесување на изгорениот материјал.

– Изгоре дел од објектот, каде што се прави мебел и се знае дека има дрвени материјали. Го спасивме од пожар горниот дел. Беше тешко да влеземе и заради топлината. Се интервенираше со десет возила. После четири часа огнот беше изгаснат, но имаме дежурни таму, се следи бидејќи има голема топлина и се вади изгорениот материјал, ако има потреба да се интервенира пак, информира командирот Авни Амети.

Четворица пожарникари имаат стекнато лесни повреди, а меѓу нив и самиот командир.

– Лесно повредени се, со рани на носот, ногата и поради вдишан чад, информираше Амети.

Територијалната противпожарна единица Тетово и понатаму интервенира и во Добарце каде од саботата гори депонија. Денес интервенции на отворено имале и во Челопек и Теарце.

Поврзани објави

Вести

Ликовна мултикултурна работилница во ОУ „Гоце Делчев“-Тетово по повод Недела на детето

03/10/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово: Тешко повреден пешак на 79 години

03/10/2023
Вести

За девет месеци во 2023 изречени 5714 мерки за пребрзо возење на тетовското подрачје

03/10/2023
Вести

Дискусија „Политичко учество на лицата со попреченост“ – во 80 општински совети има само две лица со попречeност

03/10/2023
Вести

Песните од проектот „Македонијо во срце те носиме“ утре ќе се пеат во Тетово

03/10/2023
Вести

На патот Пирок-Тетово животот го загуби 18 годишно момче од Синичане

03/10/2023
Следна објава

Семејствата на починатите во пожарот во модуларната болница утре во Скопје продолжуваат со јавни протести

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!