• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Црквата Света Петка во тетовско Стенче ќе одбележи 100 години од возобновувањето

25/02/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Црковното настојателство при храмот Света Петка во тетовско Стенче ги повика верниците да донираат и со собраните средства да се изврши подновување на црковната околина и инфраструктура.

Неколкуте зафати се планираат со цел подостоинствено одбележување на големиот јубилеј 100 години од возобновување на црквата кое треба да се направи на празникот Источен Петок-Балаклија на 21 април.

-По тој повод ние црковното настојателство од село Стенче, планираме да организираме голем црковно народен собир. За да го прославиме достојно овој јубилеј потребно е да ги реализираме следниве зафати – да набавиме црковно ѕвоно (камбана), да набавиме нова влезна врата на црквата и да изградиме покриен објект летниковец. Се обраќаме до сите верници да ни помогнат со финансиски средства со цел благовремено да ги реализираме наведените зафати.  Господ Бог и Пресвета Богородица и Света Петка нека ги благослови сите донатори, нека дарува здравје љубов и успех, порачува Петре Гроздановски, благајник на црковниот одбор.

Црквата Света Петка која датира од 1923 година се наоѓа на планински предел над селото на планината Сува Гора. Од 2018 година црквата Света Петка е една од дестинациите на планинарско-рекреативната акција „Милениумска патека“.

Донација за црквата Света Петка Стенче
Жиро сметка 290400004774371 во ТТК банка
Телефон за контакт благајник Петре Грозданоски 078-408-020

Поврзани објави

Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Следна објава

Почнува Велигденскиот пост, трае 40 дена

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.