Со собраните пари донирани од верници и фирми се постави нов бетонски покрив на црквата Свети Спас во тетовско Долно Палчиште, а реновирањето на храмот продолжува со обнова на надворешните ѕидови.
Од минатата година црковниот одбор започна кампања да се соберат средства за реновирање на покривот па наместо старите греди и ќерамиди се постави бетонска плоча и лимена конструкција.
-Собрани се средства со помош на донации на верници, бизнисмени преку нивните фирми и слично, но потребни се уште средства и затоа апелираме за донации да се доврши реновирањето. По покривот се продолжи со реновирање на надворешнте ѕидови со поставување на фасадни камења. Сепак потребни се уште средства, се надевадема дека верниците ќе продолжат да донираат и да се доврши објектот. Се надеваме дека до патрониот пранзик Спасовден се ќе биде готово, изјави Гаврило Наумовски од црковен одбор
Црквата почнала да се гради 1918 година, а осветена била 1922 година. Сите кои имаат желба да донираат, да ги уплатат своите средства на жиро сметка број: 240190117421478 во Уни Банка.