• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

ЦУК : Во тек е акција за спасување на двајца планинари под Титов врв

08/11/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во тек е спасувачка акција за извлекување на двајца планинари од кои едниот паднал од карпа во провалија и не се знае во каква состојба е во подножјето на Титов Врв на Шар Планина, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК). По добиен повик за итен случај на 112 во ЦУК, од МВР упатиле специјализиран тим со две теренски возила и дронови за ноќно извидување и претрага.

Соопштение на Центарот за управување со кризи (ЦУК):

Настанот пријавен на 112 се развива кога едниот од двата планинара прво пријавува дека на Титов врв, во реон 500м подолу, со неговиот другар оделе кон викендица и се изгубиле. На другарот му се слошило и бил во лоша здраствена состојба, па побарал  итно да се реагира. Преку 112 во ЦУК е направен конференциски повик со Полицијата во Тетово.

Потоа, јавувачот на 112 повторно се јавил и известил дека неговиот пријател паднал од карпа во провалија и не знае каде и во каква состојба е, а исто така информирал дека и тој е повреден. Бил уплашен и збунет и не можел да информира за каква повреда станува збор.

Веднаш по добиената информација ЦУК преку Дежурниот оперативен центар РЦУК Тетовна стапува во комуникација со Министерството за внатрешни работи – СВР Тетово и Полициска станица Попова Шапка со коишто по куса координација, со едно теренско возило на Центарот за управување со кризи со човек на ЦУК од Регионалниот центар за управување со кризи Тетово заедно со двајца полицајци од СВР Тетово се упатува кон Титов Врв на Попова Шапка.

Во меѓувреме е стапено во комуникација и координација со Територијално противпожарната екипа на Тетово од каде што се упатени 4 пожарникари и специјализирано теренско возило на местото на настанот, за да помогнат. Истовремено, од ЦУК е координирано со Брзата помош од ЈЗУ Тетово и е упатено и медицинско возило со комплетна екипа лекар и медицински персонал да го превземат повредениот.

Спасувачите од ангажираните институции вложуваат максимални напори заради ниските температури или евентуалните повреди на лицата за коишто немамаме информација во која мера се повредени.

Последна информација којашто ја добивме при координацијата на спасувачката акција е дека од МВР упатиле специјализиран тим со две теренски возила и дронови за ноќно извидување и претрага.

 

 

Поврзани објави

Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Вести

Кај Групчин две лица потешко повредени и тројца луѓе со телесни повреди по излетување на возило

01/06/2023
Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 1 јуни

01/06/2023
Вести

ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

31/05/2023
Следна објава

ЦУК: Еден планинар најден починат, повреден и полицаец од специјалната единица

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!