• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Дебата на Универзитетот во Тетово за надминување на недостигот од храна

17/10/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

По повод Светскиот ден на храната Факултетот за прехранбена технологија и исхрана при Универзитетот во Тетово одржа тркалезна маса.  На овој настан кој се одржува традиционално, годинава наместо за постојаната тема безбедноста на храната се зборуваше за недостигот на храна.  Ректорот на установата посочи дека Универзитетот од научна основа може да понуди експертиза за надминување

-Идејата е учесниците на оваа средба да станат дел од платформа за комуникација помеѓу едукатори, истражувачи, академици, практичари и клучни креатори на политики за храна. Фактот што за овој проблем се зборува во просториите на Универзитетот во Тетово, докажува дека ние како институција имаме кадровски капацитети да се вклучиме во овој нов предизвик и сите заедно да ги откриеме идеите, размислувањата и да понудиме и наша научна експертиза како да се надмине недостигот на храна, порача ректорот Вулнет Амети.

На средбата стана збор за состојба со храната во земјата, перспективите и поддршката на производителите.

-Во овој момент, како никогаш досега, се цени улогата на земјоделците и производителите на храна кои мора да бидат поддржани од надлежните институции. Колку повеќе ги поддржуваме денес, толку помалку проблеми ќе имаме утре. Важни меѓународни организации, разни здруженија со влијание врз општеството и надлежни институции повикуваат на свесност, солидарност, но и на испитување на можностите за зголемување на површините за зголемување на земјоделското производство, порача ректорот Амети.

Производителите на храна зборуваа за актуелната состојба на бизнисот во прехранбената индустрија и влијанието на светската криза врз цените на производите.

Поврзани објави

Вести

Активности на СВР Тетово за градење доверба кон локалната заедница 

25/03/2023
Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Следна објава

На специјалната изложба за шарпланинци во Лешок победи Астор Виктор од Скопје

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.