Делови од тетовско село Брвеница по втор пат за една недела над 12 часа немаат снабдување со електрична енергија. Поради дефект од 23 часот вчера, четврток, е во прекин снабдувањето со електрична енергија.
– До кога ќе се си играат со струјата во Брвеница. Пред три дена немаше повеќе од 10 часа, сега пак. Ноќеска на десетина пати се прекинуваше и снема струја со часови. Поради неработење на фрижидерите се расипуваат производите, како во домаќинствата така и во продавниците, се пожалија мештаните до нашата редакција.
Од електродистрибутивната компанија ЕВН Македонија велат дека за прекинот во снабдувањето вчера во 23 часот проблемот е во подземен кабел. Се лоцира со мерна кола, потоа треба се копа па да се санира дефектот.
– Во Брвеница настанал дефект на подземен кабел. Екипите на Електродистрибуција се на терен и работат на отстранување на истиот, информираше Вјоса Селими, портпатол.
Првиот дефект се случил во вторникот 11 јули околу 11 часот, а бил отстранет во текот на вечерните часови.
ас