Амбасадорот на Европската унија во Македонија Дејвид Гир на отворањето на Јуроп Хаус во Тетово истакна дека не е коректно да ги коментира и да дебатирам и коментирам за внатрешни домашни политички случувања во земјава. Тоа беше одговорот на амбасадорот како ја коментира декларацијата на коалицијата Европски фронт за етнички изборен легитимитет за која беше посочено дека ќе биде испратена до сите локални и меѓународни институции.
Дејвид Гир се осврна на идните политички процеси во Македонија и рече дека очекува што поскоро да има стабилна Влада, за да се продолжат евроинтегративните процеси.
„Имавме меѓународна набљудувачка мисија за изборите тука во земјата, тие ги истакнаа прелиминарните заклучоци дека изборите се одржаа во демократска и мирна средина и атмосфера и се разбира го очекуваме нивниот завршен финален извештај за изборите. Со нетрпение очекуваме да се формира што е можно поскоро стабилна Влада којашто ќе ги преземе сите неопходни чекори за имплементација на сите реформи се со цел да ја донесе т.е зачлени земјата што е можно поскоро во Европската унија, истакна Дејвид Гир од Тетово по денешното отворање на Јуроп Хаус.
Тој го повтори ставот дека ќе соработуваат со сите кои ќе придонесат за евроинтегративните процеси.
„Ќе соработуваме со сите чинители кои ќе соработуваат за постигнување на таа цел за достигнување на пристапниот процес на вашата земја, за реализација на пристапниот процес на вашата земја колку што е можно поскоро. Се разбира ќе соработуваме со сите и очекуваме сите тие политички чинители кои ја изразија таа посветеност и таа заложба за време на изборниот процес да продолжат да го дадат тој придонес се со цел да го поддржат членството на вашата земја колку што е можно поскоро во рамките на Европската унија, рече Гир.
Денес во Тетово се отвори Јуроп Хаус
Почна да функционира канцеларијата Јуроп Хаус (Еurope House) во Тетово