Дел од жителите на Лешок во горниот дел од селото се соочуваат со подолготраен недостиг со вода за пиење, велат мештаните во допис до редакцијата на Тетово инфо.
Тие бараат да се реши проблемот од страна на локалната власт и апелираат помош да даде и централната власт.
„Лешок оставен на милост и немилост. Дел од Лешок цел летен период без вода, апелираме Општината и комуналното претпријатие да имаат повеќе слух кога станува збор за водоснабдувањето во Лешок. Водоводната мрежа е изградена во 1998 со средства на жителите. Бараме, општината да инвестира за подобрување на водоснабдувањето. Жителите на Лешок апелираат и бараат помош до централната власт за овој децениски проблем, се вели во дописот на мештаните до Тетово инфо.