• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 5 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

Денеска се одбележаа 28 години од основањето на Универзитетот во Тетово

16/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Универзитетот во Тетово денеска одржа пригодна манифестација по повод 28 години од основањето. Во Ректоратот присутни на манифестацијата беа голем број претставници на академската и научната фела во државата, студенти претставници на извршната и законодавната власт во државата, како и претставници на дипломатскиот кор.

-Овој универзитет е расадник на квалитетни кадри кои успешно се интегрираат во сите сегменти на општеството и голем дел од нив покажувајќи лидерски способности, учествуваат во креирање на позитивни промени и придвижувањето на државата напред. Благодарност до сите кои имаат придонес во основањето на Универзитетот во Тетово и благодарност до сите кои се труделе и се трудат тој да напредува и да прераснува во еден од најсилните столбови на високообразовниот систем во државата и важен фактор за севкупниот општествено економски напредок на државата, рече во пригодното обраќање министерот за образование Јетон Шаќири.

Тој рече дека заврши времето кога наставата се организираше во тешки услови и дека на новите генерации им е значително олеснето студирањето на Универзитетот во Тетово.

-Денеска студии на сите три циклуси се организираат во современ објект, модерни амфитеатри, читални, лаборатории. Универзитетот има добро развиена мрежа на соработка со други образовни установи, со бизнис секторот и разни организации. На располагање се различни видови стипендии за студентите, како и средства за спроведување на научно истражувачки проекти. Најважно, Универзитетот има добро подготвен наставно – научен кадар од кој чест е да се учи и акумулира знаење, нагласи Шаќири.

Потсети дека Министерството за образование и наука неодамна изгради нов студентски дом за потребите на студентите од овој универзитет и по завршување на неколку формалности, тој ќе биде предаден на користење. Како што рече, оваа нема да биде последна инвестиција на државата во универзитет. Државната поддршка од сите аспекти ќе продолжи и во иднина, не само за овој, туку и за сите други државни универзитети, затоа што, немаме друга алтернатива освен да им понудиме квалитетно образование на граѓаните.

Поврзани објави

Вести

Размена на уметнички слики и изложба помеѓу јапонски училишта и врсниците од тетовска Брвеница

04/12/2023
Вести

Акциска контрола за брзо возење – 106 казнети возачи

04/12/2023
Вести

Приведен тетовчанец за агресија кон полицајци, СВР Тетово бележи и две пријави за физички напади

04/12/2023
Вести

Се сече борова шума, долж автопатот кон Скопје – Општина Желино ја обвини централната власт за уништување на природата

04/12/2023
Вести

Во ноќешната акциска контрола изречени 110 казни за сообраќајни прекршоци

03/12/2023
Вести

Приведен 49 годишник баран за издржување притвор

03/12/2023
Следна објава

Од 10 до 15 часот изречени 161 мерка за пребрзо возење на тетовско-гостиварското подрачје

Tetovo, MK
вторник, декември 5, 2023
overcast clouds
6 ° c
82%
1.59mh
100%
7 c 6 c
сре
7 c 1 c
чет
3 c -3 c
пет
4 c -2 c
саб

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!