• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

„Аманет за слобода“-свеченост по повод Денот на ослободување на Тетово

16/11/2022
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Денот на ослободувањето на Тетово 19 ноември ќе се одбележи со пригодна манифестација најавуваат од тетовската организација на Сојузот на борците од Народно ослободителната војна (НОВ) и граѓаните продолжувачи.

Празничната манифестација „Аманет за слобода“ по повод 19 Ноември – Денот на ослободувањето ќе се одржи во предвечерието на празникот, вечерта на 18 ноември (петок) со почеток во 19 часот во големата сала на Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово. Годинава се одбележуваат 78 години од ослободувањето на Тетово.

-Последните неколку години откако се обнови одбележувањето на Денот на ослободувањето на нашиот роден град се создаде ден на градско заедништво во кое се сеќаваме на предците, но и го славиме градот низ играта и песните на нашите уметници. Настанот е од културен карактер со музичко-сценска, забавна и меморијална нота. Влезот е слободен, па поради големиот интерес вратите ќе бидат отворени пола час пред почетокот, информираа организаторите.

После неколку децении празнувањето на 19 ноември со пригодна манифестација продолжи од 2019 година.  Во сабота на 19 ноември ќе се одржи и традиционалното положување на цвеќе пред Споменикот на револуацијата во Тетово со почеток во 11 часот.

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Приведен возач кој отишол по сообраќајка во која бил повреден пешак

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.