• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Дете на 15 години – најмлад меѓу 80 лишени од слобода за најдена дрога во 2023 година

20/03/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Од СВР Тетово информираат дека со оглед на интензивните активности  за справување со употребата и продажба на дрога на подрачјето во изминатите два и пол месеци од оваа година регистрирани се вкупно 80 лица кои биле лишени од слобода и на кои по расчистување и документирање на случаите изготвени им се соодветни поднесоци.

-Во овој период во педесетина случаи  евидентирани на тетовските простори регистрирани се вкупно 80 лица кои биле лишени од слобода и на кои по расчистување и документирање на случаите  изготвени им се соодветни поднесоци за кривично дело „неовластеното производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, но и за „овозможување употреба на наркотични дроги“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Кај најголемиот број од нив биле пронајдени и одземени марихуана и кокаин, а во само неколку случаи хероин и амфетамин.

-Секторот за внатрешни работи Тетово и во наредниот период  ќе презема контролни и други активности во чие средиште ќе бидат лицата кои поседуваат, користат или продаваат наркотични средства и адекватно ќе ги санкционира со изготвување на законски предвидените поднесоци, вели портпаролот.

Споре евиденцијата на СВР Тетово претежно станува збор за млади лица на возраст од 15 до 45 години, кои лично користеле вакви опијати, но се среќаваат и поединци кои им ги продавале на други.

ас

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Работилница на тема „Превенција од мозочен удар“ : Секоја инфекција и вирус како коронавирусот може да доведе до мозочен удар

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!