Димитар Апасиев од Гостивар: Очекуваме женски дуел во вториот круг на претседателските избори, а на 8. мај да славиме победа над фашизмот
Со народен собир и отворање на канцеларија на локалната организација Левица во Гостивар вечерва ги заврши активностите во рамки на кампањата за претседателските избори за шестата изборна единица.
„Впечатокот е дека кампањата помина солидно, имавме една двојна кампања практично, сега сме на завршување на претедателска кампања и почнуваме со кампања за парламентарни избори, се измешаа овие четири пет дена, сега отвараме канцеларија во Гостивар, ова е околу педесета канцеларија која ја има Левица до пред две години имавме само десеттина, тоа значи дека Левица станува инфраструктурно, трета партија во државата, поголема дури и од ДУИ, затоа што ДУИ е сконцентрирана само во западна Македонија, ние сме насекаде, и на овие избори очекуваме женски дуел во вториот круг, на претседателските очекуваме професорката да влезе во вториот круг, а на 8ми мај очекуваме, вечерта да славиме победа над фашизмот, затоа што Левица, очекуваме да направи, рекорден скор досега односно одиме на над 120.000 гласови, што би значело двоцифрен број на пратеници, тоа се нашите очекувања“, истакна Димитар Апасиев од Гостивар.
Носител ИЕ6 Игор Димески истакна дека Левица резултатите се очекувани затоа што партијата е излезена од народот.
„Јас би им порачал не само на гостиварци, туку на цела Македонија, поготово на 6та ИЕ, дека конечно на политичката сцена се појави партија која која е излезена од народот, дека власта која ќе ја преземем на 9-ти е нивна власт, народна власт, да не бидат скептични, да излезат на гласање и да заокружат број 5 сега на 24-ти за професорката Ванкоска, а со тоа да ја продолжиме, борбата до заедничка победа над овој фашизам што ни се случува во Македонија“ истакна Игор Димески.