• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Димитар Костадиноски : Општина Јегуновце добро се справува и ги решава проблемите на граѓаните иако има опструкции од страна на централната власт

09/05/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во рамки на акцијата ,,Ова е Македонија за сите”, ВМРО-ДПМНЕ денес во Тетово организираше трибина на тема ,,Социјални политики против иселување и сиромаштија”. Во воведниот дел на трибината се обратија градоначалниците на Јегуновце и Брвеница, Димитар Костадиноски и Јовица Илиевски, како и Ангел Карапетров, координатор на советничката група во Советот на Општина Тетово.

-Со преземањето на функцијата градоначалник на Општина Јегуновце најгорлив проблем  кој го решивме за оваа година ипол мандат беше проблемот кои ги тиштеше жителите на населените места Жилче и Шемшево кој во 21-век немаа основни проблеми а тоа е водата и за толку краток период го решивме тој проблем, истакна градоначалникот на Општина Јегуновце Димитар Костадиновски на денешната трибина „Социјални политики против иселување и сиромаштија“

Костадиновски посочи дека голем и важен проект за населеното место Жилче е приклучувањето на фекална канализација и поставување на колекторски систем.

-Со тоа што го отворивме јавното комунално претпријатие ОЈП Јегуновце почнавме да функционираме. Набавивме и возила, багер, камион, камионет и околу илјада канти за секое домаќинство. Можам да кажам дека Општина Јегуновце успешно и добро се справува, 97% од нашите сограѓани имаат добиено канти, кажа Костадиновски.

Тој додаде дека како општина реално се соочуваме и со опструкции од централната власт.

-Но, со опструкцијата која ја прави централната власт кон Општина Јегуновце ние сепак добро се справуваме и ги решаваме проблемите, кажа Костадиновски.

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 1 јуни

01/06/2023
Вести

ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

31/05/2023
Вести

Ќе се ограничи движењето со моторни возила во Национален парк Шар Планина, се подготвуваат информативни табли и апликација

31/05/2023
Вести

Дел од дивоградбите кои ќе може да се легализираат во Националниот парк Шар Планина ќе се користат за туризам

31/05/2023
Вести

Во акциска контрола на мотоциклисти откриени 21 прекршок, ќе платат казни од 45 до 500 евра во денарска противвредност

31/05/2023
Вести

Тетовската полиција почна нов превентивно-едукативен проект „Чекор по чекор“,

31/05/2023
Следна објава

Карапетров: Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово поддржуваме реализација на голем број инфраструктурни проекти и бараме вонредна седница за решавање на проблемот со кучињата скитници

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!